Отежната работата на хакерите!

Day 1,332, 10:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Cyril of Macedon Jr.


Почитувани читатели, овој пат ќе бидам краток бидејќи немам многу време а и сакам само да ве известам за најновата промена која ја забележав пред неколку минути!
Имено, Последниов период бевме сведоци на низа хакнати профили преку лажни страници кои побаруваа да се логирате и подоцна целото злато, пари и фирми ги снемуваше пред вашите очи! На оваа финта наседнаа не само почетници туку и искусни играчи!
Конечно админите решија да стават крај на оваа работа па така доколку сега кликнете на некој линк и тој сака да ве однесе надвор од еРепублика, се појавува следното!



За оние кои не знаат англиски тоа е предупредување дека со линкот ја напуштате играта и влегувате на друга Веб-страна!
Сега можеме мирно да спиеме знаејќи дека нашето злато (ако му останало на некого) е безбедно и Плато будно го чува! - Тоа барем додека Хакерите не најдат нов начин да ги насамарат невините играчи (а ќе најдат, сигурен сум)!