Kандидатура за Конгрес! Важно

Day 1,161, 04:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Здраво јас сум Georg the macedonian кандидат за конгресмен по трет пат и ја барам вашата подршка за мојот трет мандат.
Како што и знаете мојата политика овој пат повеќе ќе се ориентира кон зајачување на АРМ каде што и сум член како војник, но условите се никакви нема бустери нема ништо за разлика од паравоените структури кои се снабдуваат “дел“ според шпекулации од државна сметка дел од сопствена. Но, можеби причина за тоа е војната дека за АРМ нема средства, дека само се финансираме од сопствените фирми во кои работиме за минимална плата.
Како конгресмен ќе се залагам за враќање на бустерите во редовите на Армијата на еМакедонија како најважен дел од нашата земја и столб на постоењето со тоа што несебично ќе се залагам за сите потреби од АРМ и граѓаните да бидат барем минимално исполнети за да функционираат како такви.
Прво би објаснал дел од мојот проект за АРМ:
Дали знаете дека со 1200 злато може во еден месец 210 души да тренираат со бустер 50% (0.19 злато) со +300 Strength резултат на крајот на месецот, или пак елитна единица од 20 души да се помогне од активните македонски играчи со Strength од над 1000 што имаат играчи и за месец време со бустер 200% (napoleon) да се кренат некаде 600+ strength за тие 1200 злато?
Многумина би рекле дека сега не е време за оваа работа, но зошто вакви идеи кои досега еМакедонија место дневно над 300 голд да се трошат за платеници во една недела злато 3000 се потроши за време на активна војна за плаќање странци место да се инвестира во сопствената армија 1200 злато во рок од 1 месец би имале елитни 20 души или 210 активни играчи да се субвенционираат со 50% бустери за тренинг!


За платите и храната би сакал да слушнам од моите колеги како размислуваат бидејќи целата моја идеја е за АРМ, а конгресмените други треба да развиваат идеи од другите подрачја во еМакедонија, не само обични ветувања, туку анализи и конкретни решенија за тие проблеми!
Јас моето го презентирав сега знам ќе има многу позитивни, но и малку негативни критики од власта но идејата за АРМ стојам зад неа и никогаш не е касно да се превземе нешто во врска со тоа.