Demons Recruiting Open

Day 2,584, 14:29 Published in North Macedonia North Macedonia by mane komita


Поздрав Македонијо

После долг период поминат во мирување дојде време да објавиме регрутација во “Demons”. Благодарение на планктонот и неговата филозофија за играта 70% од играчите на Македонија си откажаа и тој синдром не зафати и нас како единица и сите останати. За тоа време го задржавме скелетот и раководството и редовно сме топ 5 во Македонија и сега сме меѓу најстарите единици кој функционира во Македонија а да не е 2клик што е за почит.



Историјата на “Demons” скоро нема коj не ја знае. Формирани по неколку месеца од додавањето на Македонија на играта , редовно пукаме против јужните , скоро сите не памтите по огнометот коj го приредивме за егејот и тоа на 2 пати , многу од сегашните играчи кој сме останати на играва поминале низ нашата единица , просечната возраст ни варира окулу 30тина годинки 🙂 но секако очекуваме подмладок и ги третираме како сите останати.
Од Демони испаднале доста претседатели и политичари кој за наша среќа до сеа сите биле успешни за жал некој од нив веќе и ги нема на играва но сепак нас повеќе не интересира борбата против душманот затоа секоj е добредојден.

Регрутациите се отворени за нови членови потребна е СВЕЖА КРВ

Неколку правила кој се потребни за влез :

- Регрутираме играчи од див1 до див4 т.е сите играчи што се активни и кој не се во 2клик мод
- Задолжително е да ја имате на себе демонс рамката во неа може да се вметnе слика која ке посакате
- Рефунд системот моментално е во мирување (но доколку на некого му се потребни тенкови за тенкање ќе му се помогне) – до пред некое време работевме за минималец и за возврат се добиваше 15 тенка но системот се распадна од кога цените драстично паднаа и со воведувањето на “ прекувремените тикети” самото тоа што не можевме да ги работиме тикетите и бевме во загуба за тоа засега е во мирување
- Заеднички удари – претежно вo битна битка се собираме и за тоа време присутните ги снабдуваме со тенкови
- Нашиoт канал на чет е #demons.public (не е задолжително присуство), исто и на чет од играта има добра активносt
- Да се почитуваат наредбите од Претседателот и МОД тимот без разлика кој е на таа позиција
- И задолжително да се чуваат минимум 100 барови за Демонски огномет дај боже Волкот да ни приреди напад над егеј ние ќе го угостиме со сета зимница 🙂
Секоj кој сака да се проба во нашата единица е добредојден за контакт пишете му на
Bojan aKa T-MaC и Stole Lazarov



Нашето мото продолжува :
- Еднаш Демон засекогаш Демон
- Bene vixit qui sene latuit! (Кој живеел добро, живеел незабележително!).