[WaRlOr]Претседателско Обраќање

Day 1,679, 06:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Здраво Македонијо!

Добар дел од вас веќе знаат дел од вчерашните случувања во врска со One сојузот, но сепак ќе се обидам на кратко да ве запознам што всушност се случи.
Од почетокот на мандатов па до вчера само два пати имаме побарано од сојузот да ни помогне со битките, првиот пат бевме одбиени бидејќи Полска имала поголем приоритет, а вториот пат исто така бевме одбиени под изговор дека сме казнети до 5ти. Казната била до истекот на мандатот на One HQ Македонија никогаш да не биде приоритет (не дека претходно беше), а истата е донесена од Македонец кој е главен на One HQ. Интересно тука е што казната била донесена уште пред 3 дена т.е. кога ние го браневме Повардарие, а не пукавме за Полска против Америка, а никој не си зеде за право да не извести дека воопшто сме биле казнети. Побарав пристап на каналот на One HQ за да ги прасам што е работава и зошто сме казнети, и сите што беа присутни, односно 90% од One HQ немаа поим дека сме казнети и тврдеа дека дека не постои таква казна . Исто така ме убедуваа дека One секогаш ќе стои зад нас и нема да не остави на цедило. Пред да го напуштам нивниот канал дојде нашиот претставник и употребувајќи вулгарни зборови рече дека Македонија е казнета и нема да добие никаква помош до крајот на нивниот мандат, на што јас побарав реизбори на управата на One односно негова смена. Изборите се закажани за 27ми Јуни и останува да видиме дали ќе се смени политиката на One во врска со Македонија или пак ќе остане иста.
Сето ова не тера да се замислиме каков сојуз е ова за кој треба да се употребат уцени за излегување или пак нови избори за една членка да ја добие потребната помош. На идеја сум да распишам референдум за напуштање на One и во зависност од исходот уште еден референдум за иднината на Македонија односно за приклучување кон сојузот CoT.
Морам да напоменам дека дури и да го напуштиме One и да се приклучиме кон CoT Македонија ќе остане proOne земја и затоа ве замолувам да не употребувате навредливи коментари кон нашиве сегашни сојузници зошто секогаш имало и ќе има тролови кои сакат да не скарат со сите сојузници за на крај да останеме сами и да можат полесно да не совладат. Од сето тоа Македонија може да има само штета а не корист.


Со почит
WaRlOr