[WaRlOr] Прво Претседателско Обраќање

Day 1,660, 14:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Здраво Македонијо!



Благодарност до сите вас кои ми ја дадовте довербата и благодарност до кандидатите за Претседател за фер изборите.

Време е да се фатиме за работа🙂
Во интерес на вашето и моето време ке се трудам да пишувам кратки статии.

Што да очекуваме наредниов месец?

На ВОЕН ПЛАН:
Сме во војна со јужниве и така и ке остане за време на мојот мандат.

Како што видовте денеска има промена во начинот на водење на Ударите. Се испробува еден нов начин на распределба на инфлуенсот, што се надеваме дека позитивно ке се одрази на битките. А исто така сметам дека ке допринесе НБМ
да не падне под критични 2м МКД.
Не планирам да штедам, меѓутоа и не планирам да трошам повеќе од тоа што дневниот прилив ми дозволува.

На ЕКОНОМСКИ ПЛАН:
Во тек е екипирање на Министерство за Економија, кое ке има една цел и задача:
полнење на буџетот.
Разработена е економска стратегија преку која легално ке ги зголемиме приходите од даноците. Не сум поборник на идејата за кревање на даноци и ке гледам да избегнам покачување на истите.
За да биде реализирана економската стратегија потребни се гастербајтери🙂 од доверба, кои истата ке ја спроведуваат на дело.

Ги повикувам тимовите по Министерствата и сите вас, заедно, да го дадеме својот максимум во рамките на нашите можности и да им го загорчиме еЖивотот на јужниве.

Воедно ве повикувам утре Четврток во 20:00h во пицерија Every Day (Аеродром), на дружење, размена на идеи и искуства. Очекувам добар дел од владиниот тим да биде присутен и би сакал да видам претставници од сите единици.

Да живее Македонија!