Прво Претседателско повраќање [UNISTUVAC MKD]

Day 3,062, 13:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Прво Претседателско обраќање !!!

Добро вечер радни народе Црне Горе 🙂 Упс, од волку фармање и јас се збунив веќе 😛 Нема везе, ај ДОБРО ВЕЧЕР МАКЕДОНИЈО !!! Значи како и да е овој месец пак го добив вашето поверение и вашите гласови. Некој се заеба, дали јас или вие, ќе видиме на крај од месецов 😉

Пред да почнам да се фалам јас, морам да го пофалам стариот ЦП кој го заеба и невидливиот 🙂 Меѓутоа не е битно тоа, имате една порака од него која сакам да ви ја пренесам : VENI-VIDI-VICI кои во неговииот мандат го имаат ова значење : ДОЈДОВ-НЕ МЕ ВИДОВТЕ-СЕ ЗАЕБАВ. ЈБГ ако ништо друго имаше мала војничка и поголемо фармање. Него ај доста за него, јас во три реченици кажав многу повеќе него он во цел свој мандат 🙂

Ај вака, претходниот мој мандат Србите ура-бура ќе излегувале од Астерија, се испокараа па се исподоговорија се смирија и си останаа. Како за беља еве ги сега Аргентинците и Бразилците, иста песна. Можеби подолго време сум во овој свет на е-политика на ерепублик и научив дека во последно време политиката е само седење на две па и повеќе столици, лижење газови и правење лице, друго и не постои.

Играва и се околу неа стана досадно и монотоно. Бркај БХ собери голд и купи си пакови, следен месец пак истото. Мило ми е што барем едно нешто успеавме како држава, а тоа се гордостите наши Д3 благодарение на Heaven's Legion, Д2 благодарение на Red Fury II Division и новата Д1 благодарение на Sun Warriors, тука исто така заслужуваат да бидат спомнати и да им биде дадена почит на сите пензионери и воени профитери од Д4 единиците кои благодарение на послушноста не се борат и непријателот неможе да ни зема веќе ЕПИК во Д4 😛 !!!

Сега на ред е нормално и да ви го преставам мојот таканаречен Владин кабинет или помодерно кажано Титова Дружина.
Па да почнеме :
- Претседател или "главен виновник за се" UNISTUVAC MKD
- Премиер или "главно мрчало" NENODS
- МОФА или "секогаш во ПМС"Furious Lady
- Гувернер или "Претседател во сенка" Legend from Macedonia
- МЗИ или "главен бурекојадец"akconel
- МОД или "лево мандало"R A G N A R SteF.MakedoN

Целиов тим е тука да ги исправаат кривите дрини и бељите што ќе ги направам намерно или ненамерно.


Планови :
Овој месец планираме да бидеме малце поактивни на политичко поле бидеќи е редно веќе нешто да се смени. Нормално е дека нема да бегам од одговорностите и ако има војна билокаква или затреба помош за сојузниците, нормално ќе војуваме. Знам дека сакаат некои војна и ако не им исполнам знам дека ќе си играат диктаторчиња и ќе си прават ПТО, но и тоа е за деца 😛
Едино нешто што е морално и приоритетно е да се наполни авионот за летање за да бидеме спремни за летање во секој момент.

Знам дека многумина ќе кажат дека ова не личи на обраќање на еден Претседател, но тие кои ме знаат, знаат дека моите обраќања се вакви како сега така и во минатото, делумно се вистинити, делумно народни. Нема да ви обетувам мед и млеко да не ви се згорчи после и тоа, но ви ветувам дека би требало да биде интересен мандат 🙂
Исто така сакам да нагласам дека ми е многу мило што во Бугарија победи мојата добра пријателка dzynka со која имам одлични односи (нормално на политички план) и мислам дека многу добро ќе се согласуваме, а исто така ќе го замолам господинот MattrimCauthon да не станува диктатор бидејќи многу брзо го фаќа и има лошо пијанство.

Затоа останете ми со здравје и со купени пакови и бркајте што повеќе БХа бидејќи верувајте во брзо време ќе ви требаат чоколадите.

Сега ги замолувам моите верни и нестрпливи поданици да си ги објават своите статии бидејќи ме чекаа мене прв да ја објавам статијава. За следна статија ќе причекате по потреба 😛

Со почит,
Претседател на еМакедонија
UNISTUVAC MKD