Една поинаква, вистинска паравоена организација...[ The Expendables :) ]

Day 1,240, 05:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Она што порано беше познато како паравоена организација, сега со право се нарекува ВОЕНА организација. Реална организација, со членство, фирми, рефундирање на сретства... Јас, на пример членувам во МТО - солидна воена организација, со супер другари и другарки. Има добри команданти, статут и фер играчи. И веројатно ќе има едно слободно место. За моја жал - токму моето место... Не дека Ми згрешиле нешто - ниту дека сум згрешил нешто, туку поради фактот дека заради реалниот живот, не можам да ги исполнувам обврските кон МТО.

Две работи ми се напамет со напуштањето на МТО. Првата, крајно едноставна - му оставам место на некој кој може да се посвети на МТО. Втората... Е втората е поинтересната. Ќе станам „цивил“ кој може да направи и до 40к инфлуенс во борба. И не сум сам... Погледнете ги за момент следниве играчи:
1.LazarosaMKD
2.United Macedonia
3.Eddie Rebel
4.Pyosk
5.grepce
6.COLD Dusan FUSION
7.KruserMK
8.Hoban Washburne
9.KiriusMK
...
Да не терам понатаму... Овие 9 души да направат воена единица - ќе прават штета колку една просечна воеда единица од 40 души. Ако не и повеќе... А што ќе забележите? Кај сите стои NO MILITARY UNIT...

Да ги споиме работите... Сосема ги разбирам зошто се надвор од воените единици - од истата причина од која и јас сакам да ја напуштам МТО, а за која имам само пофални зборови. Луѓето си имаат приватни причини за неучество во воена единица... Но, од друга страна, штета е оваа сила да не се канализира на ниеден начин. Затоа мојот предлог е следниот:

Ова друштвенце, да се организира како паравојска, со следниот систем: Имаат само врска - in-game пријателство и назив на паравојската. Секој работи по свое, заработува по свое, купува по свое, се тепа поголем дел - пак по свое... Но, јавно, првиот од нив што ќе се разбуди во денот кажува дека оваа паравоена единица (предлог назив "Sarissa") ќе делува во Рунда Х од војна У со толку убиства (или полн хелт). Обврската на сите членови се сведува на одговор - Да или Не и толку. Ништо повеќе... Кој може, може, кој не може - да е жив и здрав!
Секако дека и предлози за промена на делувањето ќе да поминат, но да повторам - штета е да не се канализира оваа сила и инфуенс...
Споменатите би ги замолил да дадат свој коментар или да ми испратат ПП доколку сметаат дека не треба јавно да коментираат.