Второ обраќање [Little Beast]

Day 3,708, 01:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Помина една недела од моето владеење и сега сакав да напишам една статија со случувањата во оваа прва недела владеење.

Јас сум задоволен како тече мојот мандат. Речиси сите работи кои беа ветени ги спроведувам и докажав дека си стојам на зборот. Данокот веднаш по стапувањето на функцијата беше намален, после неколку месеци без конгресменска порака таа е повторно во функција, ветените проекти се објавени и започната е реализација. Се надевам дека вие сте задоволни од моето досегашно водење на државата. Би ве замолил сите кои имате предлози и идеи за подобрување на нашата заедница да ме контактирате како би можеле да разговараме и да најдеме решение вашата идеја да биде реализирана.

Остварени се контакти и креирани се групни пораки со сите наши сојузници, како и командирите на нашите воени единици благодарение на нервите и заложбата на мојот МОФА Phantom MKD без кого немаше да бидат тие реализирани. Со тие пораки се олеснува комуникацијата.



За жал не е се така совршено во мандатот. Веднаш по стапувањето на функцијата еден од нашите конгресмени Феликс упати закон за НЕ над Турција. Следуваше повратен закон, како и закон за напад од Албанија. Овој закон беше доста неразумен и избрзан што само ни донесе штета. Како што знаете НАПот истече на 10ти Јануари и баш поради тој закон беше одбиено сегашниот мир да биде продолжен без да се вклучи и Турција во него, нешто што како прво не беше дел од сегашниот договорен мир, а второ Бугарија никако не сака да го прифати тоа. Во моментов таква е ситуацијата и преговорите не ја постигнаа целта т.е. продолжување на НАП.

Најискрено се надевам дека вакви испади во конгресот нема да има до крајот на мандатот и во иднина доколку на некого го интересира ситуацијата нека ми се обрати мене отколку да решава некакви свои замисли индивидуално што само би предизвикало штета на државните позиции.



Често бев прашуван од играчите наши дали и кога ќе се помогне на Бугарија, но во координација со нив ми беше јасно ставено до знаење на почетокот на мојот мандат дека во тој период немаат потреба од наша воена директна помош и дека доколку во иднина има потреба ќе бидеме известени. Бевме мирни и будно ја пратевме ситуацијата во Бугарија. После неколку денови интензивно договарање на крајот се реши Србија и Македонија да ја нападнат Турција и да ја ослободат Бугарија. Вчера се водеше страшна битка меѓу Србија и Турција, додека ние не бевме во можност да пуштиме напад бидејќи во единствениот регион со кој граничевме со Турција имаше започнато востание, кое Турците го кренаа и беа побрзи од Бугарските играчи па наместо да се крене востание во друг регион на крајот се крена во Софија. Ова востание беше задушено што беше на штета на Турција бидејќи тие сакаа да се отсечат од нас и веднаш ние тргнавме во акција и засега целиме кон целосно ослободување на Бугарија.

АСто на Турција во УАЕ создаде тензична и неизвесна состојба за нас и почнаа црни сценарија и веќе нашите играчи не видоа исфрлени од СА. Би сакал да ве смирам и да ви појаснам да не избрзувате со заклучоци и прво мене да ме контактирате ако нешто не ви е јасно отколку да се шири негативна енергија. Засега такво нешто нема да има т.е. наше исфрлање од СА како последица на нивниот АС бидејќи знаевме дека тоа е чиста трениниг војна без желба за нечиво исфрлање.



Во врска со данокот, како што ви беше ветено тој беше намален на 3% со ветување дека ќе остане фиксен во првата недела од моето владеење како би се согледале последиците од намалувањето на данокот. После извршените статистики и проверки, како и гласање во владата одлучено е данокот да се врати на старата вредност од 5%, од проста причина што за 2% намален данок, државата губи 50% од приходите, плус не се создаде никакво поместување во нагорна линија на работењето во фирмите, т.е. речиси идентично како што паѓаше приходот од вкупните даноци, така паѓаше и приходот од работа во фирмите што значи истите кои досега работале, работаат и сега, значи нема привлекување нови луѓе да ги работаа фирмите.



И на крајот збор-два за статијата со повик за собирање храна за АС објавена од индивидуалец, а не владин член. Таа статија наиде на негодување од страна на нашите играчи поради ситацијата на Бугарија, реакција што е нормална, но јас лично не видов ништо лошо во таа статија. Воопшто нема да пречи доколку АСто е наполнат и ни биде на располагање во наредниот период, бидејќи моментално сме во воен период и не е лошо да се почне по малку да се полни, а плус и не се знае колку време ќе трае ситуацијата со Бугарија, значи се е возможно. Нема никаква штета од тоа АСто да биде полн и да се остави на следниот ЦП да има повеќе опции (можеби ќе одам и на втор мандат кој знае).



Ситуација кога најмногу ме израдува е што гледаме дека на големо се започнува со авио проекти како би се зајакнала нашата војска во тој дел од играта. Навистина е позитивно да се види како луѓето се трудат да остварат нешто што ќе има корист за државата. Сакам да испратам огромен поздрав до GAMBLE_24 и SudacaMKD како и до единицата Macedonian Army за проектот, и испраќам апел до останатите единици да вложуваат во авио делот и да прават проекти кои ќе помогнат да има поголема конкуренција, а со тоа и поголем ефект. Државата е тука за било каква помош и поддршка на секој оној кој има идеја за авијацијата.

Тоа би било се што можам сега да кажам, доколку на некој му треба нешто или сака да праша слободно може да ме исконтактира.

Искрено ваш

Little Beast