Второ претседателско обраќање [krste83]

Day 2,468, 10:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро вечер, еМакедонки и еМакедонци. После една кампања која за нас заврши неуспешно редно е и јас да дадам отчет на она што се случуваше и она што допрва доаѓа. А за да бидат појаснети повеќе точки ќе одам со најава за темите кои ќе ги опфатам во текстот:

1. Тренинг војната со Нов Зеланд
2. Воздушен напад на Индија и војната со Иран
3. Потрошени средства
4. Наши сигурни територии

Па да почнам со ревизијата:

1. Прво придвижување по стапување на позицијата беше договорената битка со Нов Зеланд. Таа беше само за мисиите кои во тој момент беа на еРепублик и како што и почна така и заврши успешно.

2. Воздупниот напад на Индија, кој е реално НЕУСПЕШЕН беше со цел да се помогне на Индија да се ослободи од долгорочните окупатори. Комплетната организација беше на сојузот Аурора, но на патот кон Индија се испречија Воените Наредби на Кина кои потрошија околу 3 и пол милиони за два дена само да ги одбранат териториите на Иран. Мое мислење е дека во сојузот можеше да има подобра организација...односно едновремен Воздушен напад на сите три земји (Чиле, Бугарија и Македонија) но не секогаш есапот дома и на пазар е ист. Кина ги одбрани териториите на Иран со многу пари и се надевам дека во догледен период доколку се успее во координација на Сириус и Аурора може да се освојат териториите на Иран. Нашиот напад беше последен па затоа и пројде како што се очекуваше бидејќи претходно во нападот на Бугарија и Чиле се потроши и целиот сојуз Аурора кој помагаше во сите битки безрезервно. Неуспешен напад за нас да но никако не можеме да кажеме дека беше и лош обид. Добра цел но преголем залак очигледно. Сепак доколку успеевме во првата битка за Бугарија настаните ќе имаа поинаков тек.

4. До сега од касата за сите битки, за поделба и секако за поддржување на востанија изгласавме два закони за донација од 100.000 цц од кои уште скоро половина се нечепнати. И пред крајот на мандатот во отчетот ќе биде запишана и количината која останала и се враќа назад во касата.

5. И уште некој збор за териториите. Нашите територии во Австралија се сигурни. Следно востание во Западна Австралија треба да се пушти и тој регион да и припадне на Австралија се додека некому од земјите во околината (Македонија, Чиле, Индонезија) не му притреба истиот.

Следните мои активности бидејчи сега имаме пари во каса ќе бидат насочени кон подобрување на односите со дел од земјите од Сириус и потпишување на неколку МППа кои до сега ги немавме. А воедно и ќе се залагам да излезе банер за играта на веб страна од новинска агенција и се надевам ќе успеам да организирам радио емисија каде ќе се каже некој збор за играта и зошто ни требаат повеќе играчи.


СЕКОЕ ДОБРО,

Ваш,

krste83