Прво Претседателско Обраќање [huroto]

Day 2,971, 05:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци и Македонки

Пред се сакам од срце да ви ја честитам Новата Година и Божиќните празници.





Месецов ќе го започнеме мирно, без никакви авантури а каков ке биде крајот ни јас не знам.
Имаме три приоритети за овај месец

1. Да ги задржиме моменталните региони, евентуално да добиеме уште некој ( шансите за да добиеме плус некој регион се големи )

2. Преговорите веќе се во тек, и се договара тренинг војна во која од вас ќе барам исклучителна дисциплина. Ако не се следат наредбите си правиме штета сами на себе. Бенефит од тренинг војната мислам дека нема потреба да го објаснувам само ке напоменам дека нема да се трошат пари од трезорот за неуспешни востанија а ќе имаме каде да пукаме за ВП секој ден.

3. Да помагаме на сојузниците. Војната помеѓу Индонезија (нашиот верен сојузник) и УСА (нашиот верен непријател) веке започна и би ве замолил сите да се сконцентрираме на таа војна и да помогнеме колку можеме на Индонезија.





Во тек се преговори кои се надевам ќе завршат позитивно и ќе потпишеме ново МПП
Државните организации нема да ги чепкам, ама ги замолувам сите да ми пишат приватна порака за да знам кој која организација ја користи. Државните организации кои не се користат можам да ги дадам на користење. Уште одма да напоменам орговите нема да се даваат на индивидуалци туку на активни воени единици кои ќе гарантираат дека преку оргот нема да поминуваат мултани пари (не можеме да си дозволиме организациите да ни ги банираат за глупости).



Претседател на еМакедонија

huroto