[CelarentE] Последно Претседателско Обраќање

Day 1,475, 02:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво Македонијо



Останува уште многу малку до крајот на мојот мандат, па ги сакал да направам едно кратко резиме на досегашното работење на владата.

Веднаш по моето официјално прогласувањето за претседател на 6-ти Ноември, ме дочека востание во Егејска Македонија, имавме наследено 8 ресурси од претходната влада и одбраната на Егејска Македонија беше од најголемо значење за зачувување на тие осум ресурси. Непосредно пред почетокот на востанието во Егејска Македонија беше и мојот прв контакт со RW групата, им беше кажано да кренат востание во регионот Јонски Острови, сепак се крена востанието во Егејска. Тоа беше и првиот мој пораз, Егејска Македонија ја изгубивме и останавме на 3 ресурси.

Следното утро MeDs Leinad пушти НЕ закон на Грција пред грчкиот претседател, по негова заслуга си обезбедивме иницијатива во нападот кој следеше следниот ден. Следеше првата моја победа, ја вративме Егејска Македонија, подоцна и Атика која исто така беше изгубена во востание. Воспоставивме повторно целосна контрола над Грција, во меѓувреме оставивме Кипар да се ослободи а ние се насочивме во Саудиска Арабија, го зедовме Al Qashim кој исто така беше договорен од претходната влада, Al Qashim ни донесе ресурс жито, и беше подобра алтернатива во однос на Кипарското жито. Имавме повторно 8/10 ресурси, траеше тоа речиси 20тина дена.

Уште на почетокот ни стана јасно на сите дека Иран нема намера да ни даде премин, со тој факт немавме многу избор, единствена работа која ни преостануваше беше да ги држиме грците под окупација и да ги чуваме ресурсите, играта стана монотона а јас имав се поголем притисок да пуштам НЕ на Египет како дел од тренинг војна. Подлегнав на притисокот, и беше пуштен закон, но не дозволив да биде изгласан зошто знаев дека како ќе се наближува денот на конгресменските избори, така ќе расте отпорот на оние кои беа поробени од нас. Бев во право, но во исто време бев и изненаден од тоа што ни го приредија. Факт е дека тие се послаби од нас, но факт е и дека кога грците тенкаат, сами не можеме да им се спротивставиме, не затоа што сме послаби, туку затоа што сме неорганизирани, се расфрламе со инфлуенс на сите страни без потреба.

Нормално кога губиме сите почнуваме да бараме вина во некого, најчесто тоа се сојузниците, или владата без разлика која и да е. Сите ни се виновни, а самите ние никако да најдеме вина во самите себе.

Драги Македонци, мораме да го смениме нашиот однос кон еМакедонија, мораме да се обединиме, мораме да се научиме да слушаме наредби ако сакаме да победуваме. Мораме да научиме да се почитуваме едни со други инаку ќе нема смисла да сме овде, под ова парче виртуелно небо.

На крај од овој дел би сакал да му се заблагодарам на целиот тим кој посветено си ги извршуваше своите обврски.

Пофални зборови заслужува секој од нив. Премиерот TepopucTa раководеше со финансиите, и уредно ги објавуваше извештаите за секој потрошен денар, така и ќе завршиме.

Министерството за Информации на чело со Zlatko Kaskarevski одлично си ја одработи својата задача и постави нови стандарди во работењето на ова министерство.

Министерството за Одбрана на чело со ShadowStalkerr, и замениците danakmkd и Mehandzijski секогаш беа на жртва за одбраната на Македонија. Секогаш кога министерот или јас не бевме во можност Davor Pehcevski и Romb0 беа момците кои притискаа во ONE да ни се помогне во моментите кога ни беше тешко да се одбраниме сами. Blazeska е девојката која беше одговорна за поделбата на рефундот на единиците. Секогаш на располагање беа Glamche и DarkoDimovski1.
Командирите на Фалангата Trajce Petkov и MagiMaster заслужуваат осoбeнo пофални зборови за начинот на кој раководеа со Македонската Елитна Дивизија.

WaRlOR и Felllix со нивните помошници беа клучни играчи во клучни моменти, верувам секој македонец им е благодарен за тоа. Јас лично бев сведок во неколку наврати како во 4 часот наутро WaRlOR пушташе поделба на тенкови, само и само утрото еМакедонија да ни се разбуди како победник.

Министерството за Надворешни работи истo така работеше под полна пареа, MeDs Leinad, Maya_The_Bee и DedaNoe беа тие кои гризеа за македонските интереси.

Viki MKD, MakedonecMKD, Stefanbt, Adam's секој од вас го исполни тоа што беше побарано од него.

Сите вие момци и девојки ми дадовте целосна пордшка. Ви Благодарам!


Државни Организации

За два дена од сега ќе имаме нов претседател, сакав ова јас да го средам но околностите не ми дозволуваат поради тоа што не ми преостана многу време па затоа ова ќе го препуштам на идниот претседател. Тој да одлучи што и како ќе прави.

Еве за што се работи.
Уште во текот на првата недела испратив тикет до админите кој имаше за цел да ми овозможи пристап до државните оргови кои не беа под моја контрола. Тикетот беше испратен на 12 Ноември, очекував да ми одговорат веднаш, но тоа не се случи, се бев откажал, мислев дека нема да добијам одговор на тој тикет.

Во текот на вчерашниот ден, или да бидам попрецизен некаде околу 10 часот наутро ја отворив страницата за контакт со операторите на играва и забележав дека ми е одговорено на тикетот, датумот на одговор е 1ви Декември, јас во забележав тоа на 2ри Декември. Еве го тикетот http://i42.tinypic.com/25am5bq.png .

Почнав да ги превземам еден по еден секој од државните оргови кој се наоѓаа на тикетот. Еве ја состојбата која ја затекнав на нив.
_____
Drzavni Voeni Rezervi http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4106694
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4etvi
_____
MZO Lavovi - I http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4059228
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4etwj
_____
MZO Lavovi II http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4059290
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4etxf
_____
MZO Lavovi III http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4078691
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4etyo
_____
MZO Tigri - I http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4104284
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4etz9
_____
MZO Tigri - II http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4104300
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4eu00

Со овој орг се тргувало на монетарен маркет што е недопустливо за било кого со оглед на фактот дека ова се државни организации. Некој ги искористувал за своја лична корист.

Како доказ ви ги приложувам нотификациите: http://prntscr.com/4eu07

Можете да забележите од нотификациите дека се тргувало пред 1ви Декември, тоа е датумот кога на мене ми е одговорено на тикетот, и од кога би можел да имам контрола над орговите. Ви кажав погоре дека јас го забележав тикетот на 2ри Декември, значи да заклучам, со државен орг некој тргувал на монетарен маркет и профитирал на сметка на целата наша економија.
_____
MZO Tigri - III http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/4105227
состојба во сториџ: http://prntscr.com/4eu10


Сите овие оргови се државни, изградени се со државни пари и истите треба да и бидат на располагање на државата а не на поединци. Доколку државата се реши да ги даде на користење на некоја наша единица, тоа треба да се направи на јавен и транспарентен начин. Фактот што ние немаме државни единици доволно кажува дека користењето на овие оргови е злоупотребено. Погоре кажав дека сакав јас да го расчистам ова но поради тоа што администраторите на играва ми одговорија доцна на тикетот ја препуштам оваа обврска на следниот претседател кој ќе дојде на функција.
Средствата кои се наоѓаат на орговите се замрзнати и истите нема да се користат до крајот на мојот мандат.


Организацијата Macedonia Red Cross http://www.erepublik.com/en/economy/citizen-accounts/1546746 исто така е направена од државни средства, но не знам поради која причина не била пријавена како Државен ОРГ, знаете дека кога беа укинати организациите, секоја држава си пријавуваше свои Национални Организации, Македонскиот Црвен Крст не бил пријавен како таков.

Кога се обидов да му ја сменам емаил адресата играта автоматски му направи поништување, и кај мене префрли се што се наогаше на Оргот.

Ова е пораката која ми стигна после трансферот http://i40.tinypic.com/of2b10.png

Можете да забележите дека е кај мене е префрлено 7 голд, 130 МКД и една бесплатна лиценца.

7 голд донирав на трезорската сметка: http://prntscr.com/4ex4c
130 МКД донира на трезорската сметка: http://prntscr.com/4ex4s

Ќе бидат донирани и 20 голд како надоместок за лиценцата веднаш штом ќе бидам во можност.


Конгрес

Деновиве се дигна многу прашина околу начинот на кој се добива македонско државјанство. Би сакал да го искажам и мојот став по ова прашање. Јас сум против било какво плаќање на надоместок за добивање на македонско државјанство.

Зошто не треба да им се наплаќа на странците државјанството?

- Кај нас доаѓаат странци кои сакаат да отворат q4 фабрики за суровини поради соодносот на денарот и златото. Притоа овие странци продаваат злато и купуваат МКД кој подоцна ги трошат за изградба на q4 фабриките. Странските државјани ја помагаат македонската економија и уфрлуват злато а исфрлуваат денари и го стимулираат намалувањето на курсот на денарот. Со тоа што ние им наплаќаме ги одвраќаме да доѓаат кај нас и си правиме штета сами на себе, додатно на ова си ги унишуваме односите со сојузниците. Најголем број од они кои доаѓаат да отворат фабрики се српски државјани. Ставете се во улога вие на истиот овој српски државјанин, секако прво ќе се обратите до вашиот најблизок сојузник, и ако тој ве одбие, нормално ќе појдете на пример до Шпанија и таму ќе си изгради фабрика. Ние губиме како и да свртите.

Зошто да им наплаќаме на нашите македонци гастарбајтери кои сакаат да се вратат во Македонија?

- Не знам како да го оправдам ова, и не знам дали може некој да го оправда. Патриот си, ако си седиш во својата држава, никако да не се земаат странски државјанства?! Аман бре луѓе, па играва е за дружба и за запознавање, посебно на меѓународно ниво. Врските помеѓу е-државите ги градат токму овие е-граѓани кои се гости во некоја странска држава. А патриотизмот не се купува со пари, туку е избор за секој од нас како и колку да биде патриот.
Според мене поголем патриот е оној Македонец кој има полско државјанство и во најтешкиот момент за Македонија ќе испука 1 милион инфлуенс таму каде што треба, од оној кој цело време е со македонско државјанство и цело време брка медали по неважни битки.

Ова е мојот став, треба да се слушне и гласот на народот, затоа и РАСПИШУВАМ РЕФЕРЕНДУМ по ова прашање. Референдумот е најдемократскиот начин на одлучување за вакви крупни работи кои ги засегаат сите е-граѓани. Како тие ќе одлучат така нека биде.

Секој од вас во коментар нека напише:

ЗА - доколку се согласува да се напаќа за државјанствата.
ПРОТИВ - доколку не се согласува да се наплаќа за државјанствата.


Претседател на еМакедонија
CelarentE