Прво Претседателско обраќање [Black Shadow]

Day 2,848, 23:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонијо!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА !

Најпрво сакам да Ви заблагодарам за укажаната подршка и што го дадовте вашиот глас за мене на изборите. Извинете за задоцнетата статија, ми се јавија непланирани рл обврски плус и треба време додека се навикнеме на фотељиве со тимот. 😛

Месецов продолжуваме да работиме со исто темпо. Ќе го искористиме времето од НАПот за да помогнеме на сојузниците и да закрепнеме финансиски од војната со јужниве. Се знае дека се спремаме за летање, меѓутоа мора да се координираме и да се осигураме дека нема некаде по пат да останеме без гориво 😃

Најбитно е дека имаме план и работиме на деталите. Знаеме дека немаме време за губење, но тоа не значи дека треба со глава во ѕид да удриме директно. Со Бугарската влада сме 24/7 во контакт и што и да правиме ќе биде заедно со нив.

Организациите нема да ги пипам воопшто. Дури и не сакав да имам пристап до нив, терајте си ја работата слободно, не ви се мешам таму. Само користете ги паметно и без мултање.

Данокот останува ист, Лазароса ми направи групни пораки со конгесот, па што и да треба и мислите дека треба да се смени во однос на финансиите, контактирајте ме мене или Лазароса, па ќе се дискутира со конгресмените.

Ме интересира како оди собирањето пари на Д2? Дали сметаат дека можат да се опремат сами и плус да го вратат долгот на време? Мора да знаеме за да планираме да не останеме без пари и пакети на крај.

Од вас бараме трпение и единство. Наполнете си ги магацините, помагајте си едни на други, донирајте на НЕНОДС за продолжување на акцијата „За Јуниорите“ и следете наредби од МзО весникот !



МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! о/

Black Shadow
Претседател на еМакедонија