Претседателска кандидатура [akconel]

Day 2,043, 02:24 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas

Поздрав горди е-Македонци и е-Македонки.

Во оваа статии сакам да ве известам дека јас ке бидам еден од играчите кои ке учествувааат во трката за претседател на е-Македонија за месец Јули.

Поминаа скоро 2 и пол години од денот кога и јас се регистрирав на оваа игра. Дојде денот кога да ја објавам мојата кандидатура за претседател на е-Македонија.

Доста добро ја познавам играта, доста сум активен и се чувствувам способен за овој предизвик кој ке предстои во следниот период доколку ја добијам вашата поддршка.

Во следната статија ке го објавам и тимот со кој ке ја водам државата во следниот период.

Ги повикувам сите заинтересирани без разлика на левел, единицата или партија кои сакаат да учествуваат во тимот кој во следните 30 дена ке ја води е-Македонија слободно нека ми се обрати на ПМ.

Се надевам дека ке ја добијам вашата доверба и глас, а јас тоа ке знам како да го искористам и нема да ве разочарам.

Останете ми поздравени.



Со почит

akconel