Претседателско Обраќање [ AВРАМОВСКИ ]

Day 1,477, 11:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво еМакедонијо!

Денеска после речиси една година како играм еRepublik Ви се обраќам како Претседател на еМакедонија. Навистина сум поласкан и чест ми е што можам да се обратам од овој весник, каде се имаат претставено
претходните големи претседатели на еМакедонија, секој голем на свој начин!
Благодарност до моите противкандидати кои овозможија и се трудеа изборите да поминат во најдобар ред. Истотака сакам да ја изразам мојата длабока благодарност до сите еГраѓани кои го дадоа својот глас, учествуваа на овие изброри и направија да гледаме една доста неизвесна трка за престолот на Maкедонија. Им благодарам повторно на сите оние кои ме подржаа и веруваа во мене, мојот тим и моите идеали кои треба да бидат заеднички, ДАЈТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ!!!


Вчерашните избори

Сакам да прокоментирам за вчерашните избори кој во почетокот течеа во најдобар можен ред за да доцна напладне настане вистински хаос, сега знаете кога има најмногу играчи присутни!
Кога беше навистина густо, настана хаос и неконтролирано се објавуваа шаути од моја и од страна на кандидатите, поточно од оние кои не подржуваа, шаути со клевети и што ти не, верувам без наше знаење. Имаше разноразни, за кои излишно е да коментирам. Сум праќал голд сум бил марионетка на АрМакедон. Не ми е јасно како може да пратам голд додека сум офлајн и како може да сум марионетка на АрМакедон кога нит сум нивни член ниту нивни кандидат освен што се во тим како и многу други. Иако ова е Претседателско обраќање и не би сакал акцентот да го ставам на небитни работи, сепак мислам дека ова беше од голема важност за нашиот понатамошен развој, односно, ова мора да престане еднаш и засекогаш и е вашата прва задача, ДАЈТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ!!!

За Македонија!

Од вчера доцна вечер па се досега се обидов доследно да одговорам и возвратам на пофалните зборови и честитки кои ги добив од мојот, нашиот еНарод! И морам да Ви кажам дека ми значат навистина. Јас сум тука за еНародот избран да му служам, ја сум еГраѓанин со повеќе обрврски од некој друг и ништо повеќе! Секој од Вас може слободно да ме контактира за било што, доколку сум во можност да помогнам тоа со задоволство би го направил. Отворен сум за секаков дијалог и достапен за секого!

Ке се обнови и врати во употреба Црвениот Крст! Таму може секој доброволно да учествува и придонесува за развитокот на новите играчи! Тие се нашата иднина, дали ке сме светска сила или ке сме зад ТОП 5! Црвениот крст ќе го води Tomidam и можете слободно да му се обратите.

Назад во употреба по автоматизам ќе бидат вратени и АКАДЕМИЈАТА и АРМИСКИОТ КАНАЛ.
Повеќе околу тимот нема потреба да именувам, сите веќе беа претставени во мојата кандидатура.

Сакам да знаете дека јас сум тука да се грижам за доброто на еМакедонија, бидејќи ја сакам Македонија како и сите Вие и можам да Ви ветам само едно нешто, дека ќе се обидам да го дадам својот максимум и расположливо време да и служам на нашата еТатковина! Но со ВАШАТА помош и заедно ОБЕДИНЕТИ ние можеме да ги оствариме НЕ сите "ВЕТУВАЊА" туку сите наши ЦЕЛИ - ДАЈТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ!!!

УШТЕ ЕДНАШ, Фала Ви на довербата и се надевам дека ќе ги оправдам Вашите очекувања!

Ваш и секогаш искрен,
Вашиот Претседател
Душко Аврамовски