Прво Претседателско Обраќање [Северус]

Day 3,003, 05:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден народе Македонски,

Дозволете ми прво да се извинам за вака задоцнето обраќање, ама податоците до банката ми ги праќаа дури од Австралија, па дури да стигнат овде ехее.. 😛

Исто така да се заблагодарам на партиите што ме поддржаа и луѓето што ме гласаа!


Само да напоменам, со оглед на тоа дека ерепаблик или страната imgur.com има нешто проблеми, банерите од претходните статии се изгубени, а се работи за овој банер:



Замолувам ако некој има зачувано слика од претходните статии да ми ја препрати мене, или ако некој е добар во фотошоп, да ја реставрира сликава, затоа што оваа е зумирана и со лош квалитет, колку да се знае за што се зборува..


[ЕДИТ 00:00]

Се пријавија двајца кандидати за банерот, и на шаут едногласно беше одбран овој банер:



Изработка на ИморталЈуз (Голденн)

Благодарност до него и до Easyplayer133 за учеството. Им пратив симболична парична награда како благодарност, лично од мене.

o7







Сакам да го започнам обраќањето со, според мене, најважната тема на која треба да ставиме фокус периодов, а тоа е организирање на Д4. Пораки ќе направам денес, чекав и уште неколку луѓе да ми прифатат покана за пријателство (тоа е на моја вина и одговорност, се извинувам), и ќе се договориме околу ударите и поделбите.
Патем, секој кој што е активен, нека ме додаде за пријател молам!


За мобилизацијата и организирањето многу ќе ми помогне Столе Лазаров. Во контакт сме со него, тој ми ја кажа неговата идеја што ја наведе во коментар на мојата кандидатура тогаш, и наместо Вибер, најверојатно ќе ја користиме апликацијата Pushbullet.

Столе има високи очекувања за ова, исто и јас. Се надевам СИТЕ ќе бидете дел од ова! Во наредните денови ќе објави тој туторијал за како да ја инсталирате и користите апликацијата, а најверојатно ќе се направи и формулар од МзО за кој сака да учествува, ако има потреба секако. Повеќе за ова во наредните денови.



Друга работа е војната со јужните. Уште од претходен месец се разговараше и договараше на темава, и постигнат е неофицијален договор (како што имавме откако ни истече официјалниот НАП пред неколку месеци). Бугарите беа иницијатори за ова, и тие ги водеа преговорите.
Даноците ги враќаме на старо, а на нас е ред барем овој еден мал период да надокнадиме нешто од баровите, затоа што ептен многу се потрошивме во Диктатурата и војната со САД.
МОЈ план е да поседиме малку еден период, барем додека не заврши ова со организацијата на Д4, па после тоа здравје Боже, и да ја пробаме на дело таа организација 😛




Последно што сакам да ве прашам е околу Диктатурата.
Ситуацијата реално се олади, ама од ништо ќе стане нешто.. Отчетот од минатиот Претседател го видовте.. Сега на ред е да ви кажам јас.

Не се сеќавам колку точно имаше во трезор кога започна Диктаторската војна, ама мислам дека околу 600 илјади (само државни пари) потрошивме во таа Диктатура. Имав и солидна донација од мојот Индиски пријател Pizzarayne во вредност од 500.000 МКД, Индонезиецот si petung директно во мојата единица донираше 100.000 МКД, Голденн (сега ImmortalYuz) околу 50.000 МКД, и уште многу донации од нашите и странски играчи.

ПЛУС, страшното КО што го ставаше Ромпер (нема да шпекулирам колку он потроши), и од здлемми.

Значи, да резумираме, тој насилен пуч не кошташе многу. Да не речам, мислам дека само од парите што ми стигнаа мене, отидоа нешто помалце од 1.5 милиони МКД.

Така да, најдобронамерно ви предложувам, и ве прашувам,

ДАЛИ СТЕ ЗА инсталирање на ДЕМОКРАТСКА ДИКТАТУРА , како превентива на ситуацијава што ја опишав погоре?

– Ве молам дајте го вашиот одговор во коментар под статијата.

Како што гледате трезорот е колку толку празен, и мислам дека е далеку подобро да ставиме 200.000 МКД за да го спречиме тоа, отколку неколку пати повеќе од таа сума за да се браниме.. Периодов сме ранливи..

Мислам дека тоа би било се засега момци и девојки.. o7


Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп