Второ Претседателско Обраќање [Фантом]

Day 2,758, 04:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден еМакедонијо!

Како што знаете еУса веќе ќе слета во еМакедонија. Видовме какви противници се , и дека имаат доста средства. Сојузниците нивни најчесто беа грци, турци, албанции и хрватите. За нас видовме дека пропукаа Србите, но тоа го сторија бидејќи не ја сакаат Уса во регионот, а не дека планираат да прават нешто против нив. Зборував со Анастазис лично и тој ми кажа дека немаат никаква намера да ги нападнат, што беше и сосема јасно заради МПП`ата кои ги има САД. Но сепак мислењето е дека тие не идат ради Србија, туку идат ради нас. Целта веројатно е многу јасна, тие да не поробат додека Бугарија да се бори со Грција и да биде натерана да потпише НАП.

Што нас ни останува?
Значи нашата цел сега е јасна, а тоа е исфрлување на Американците од Балкан, т.е од нашите територии. Тоа ќе биде приоритетот од сега, се додека не ги исфрлиме. Наредби ќе се издаваат преку МоД весникот, но особено преку пораки со дивизиите, и преку командирите на единиците во Македонија.
Ќе се крева РВ, и на секој можен начин ќе пробаме да ги исфрлиме.

Сакам да ви се заблагодарам на сите оние што се потрудивте, и што фрливте штета несебично за Македонија. Некои луѓе ставија доста CO, Некои испукаа доста сепак секој на свој начин.

Од сојузниците Унгарците доста ни помагаат, ставија и CO неколку пати и доста сум им благодарен. Чилеанците пукаја во вечерните часови, кој сака да го види тоа нека отвори во дивизиите и нека ги разгледа рундите, ве уверувам дека ќе најдите доста Чилеанци. Хитман79 од Шпанија стави над 400к цц и ги распредели по дивизиите, на почетокот имаше директно ставено 400к цц 20цц за милион во Д4 но потоа ги распредели во Помалите дивизии. Добивме неколку рунди вечерта благодарејќи на него. Бугарите исто така доста пукаја и бевме приоритет кај нив, но сепак ете не успеавме.
Им благодарм на сите наши сојузници, кои што доста испукаа и се трудеа да сторат нешто.
Ве урверувам дека овде нема да запреме и дека ќе се бориме до крај.
Ситуацијата станува доста интересна на Балкан, а ние како по обичај повторно сме центар на Вниманието.

Све што можам сега да ви кажам е чувајте енергија ќе се бориме само против Уса, не се трошите во битките против Грција оти не можеме на 2 фронта. Следите наредби и бидете активни низ пораките. Ако имате некакво инфо слободно пишете

Со почит
Фантом

о7

==========================================================================

За Шаут

Второ Претседателско Обраќање [Фантом]
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2529910/1/20