[МНР Македонија] Обраќање до еМакедонците

Day 2,506, 14:26 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добра ви вечер Македонци,

Во ова обрќање ќе се обидам да ви доловам се што се случуваше месецов, во кој се случија неколку интересни настани.

За почеток, овој месец требаше да потпишеме барем два нови МППа со земји со кои досега немавме МПП, успеавме да издејствуваме, и со оглед на настаните, дојде можност за тоа. Сепак, повторно состојбата се промени, и со оглед на тоа дека ќе има нова распределба на силите, одлучивме да останеме со овој сет на МППа. Спротивно на тоа, месецов не започна најдобро, почнувајќи од самиот Генералштаб на Аурора кој се соочуваше со проблеми во изборот на Генералот и Комнадирот. Од 24-ти повторно после некое време е избран стариот тим на Аурора почнувајќи со Дон Кроата, Трико, Фантом итн. Фокусот ќе биде Македонија, и во тој контекст препорачувам да не се трошиме многу во востанијата. Кога ќе биде потребно, ќе биде најавено со статија од МоД и Претседателот.



Чекав да се смири ситуацијата околу статијата на Полскиот претседател која веројатно повеќето ја видовте, во неколку статии беше побаран и мој коментар како одговор на таа статија, но сепак се воздржав.

Во скандалозната статија која сега е избришана тој ги имаше нервите повеќето Полски сојузници да ги нарече „получовеци“ вклучувајки не и нас.

Цитирам: „Turcja, Ukraina, Bośnia, Albania, Indonezja, USA, Macedonia, Bułgaria. Listy grzechów wszystkich tych państewek nie będę wymieniał, gdyż nie warto dla podludzi czasu tracić."


Реакции имаше секако, но не сакав да коментирам со оглед на нашата деликатна ситуација. Како и да е, тоа ги навести и неговите планови, кои беа донекаде јасни. Веднаш по ова, Полска потпиша МПП со Унгарија.

Македонија досега немаше проблеми во комнукацијата и соработката со Полска, и затоа го сметам за неразбирлив ставот на моменталниот Претседател. Како и да е, изјавата е навредлива како што е, за сите земји спомнати, и сите замерки и мислења би ви биле оправдани.

Уште кога се кандидираше тој претседател, во неговата кандидатура стоеше дека истите земји горе наведени, не се вредни за Полското внимание и нивната штета. Со оглед на тоа што истиот тој беше избран за да ја претставува Полска со тие изјави, кажува доволно.

На сето ова мислам дека и не вреди да се коментира, сметајки го начинот на кој тој се изразува. Можам само да додадам дека ова беше скандалозен, неетички и навредлив став од Полска, кој за жал не пројде со осуди во Полскиот етер, и со ова воопшто не и помага на Полска, која како меѓу посилните држави треба да има респектабилен став кон останатите потенцијални сојузници.



Промени доаѓаат, тоа е сигурно, затоа би ве замолил во периодот што следи сите да се воздржиме од тролање. Околу нашиот статус во тоа, сакам да знаете дека сме активно вклучени во сите разговори, и сите можности се отворени. За можните сојузи не коментирам, дека се само шпекулации, но најверојатно ќе следува некаква реинкарнација на сојузот ONE.

Како за крај препорачувам Македонското општество активно да се вклучи во овие работи, активно да се учествува во сојузничките битки, како и секогаш. Исто така ИРЦ активност на Македонците е многу ниска, а е многу важна, бидејќи таму се случуваат сите разговори.
Апелирам повеќето да бидат активни на ИРЦ, како за почеток на нашите канали : #eMKD / #emkd-mofa / #emkdgov

Комункацијата со сојузниците е многу важна, а би стекнале и многу пријателства. 🙂

Нареден месец славиме годишнина од додавањето на играва, па според мојата замисла очекувајте го новиот лик на овој весник.



Со почит,
Северус Снејп
МНР Македонија