Одјавување[Иван]

Day 2,419, 06:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Еве ми дојде и мене крајот , оставам на вас да пресудите каков бил овој мандат во топлите јунски денови .

Јас лично планирав многу повеќе да бидеме активни на военото поле , но испадна многу повеќе внимание се обрати на дипломатијата.

Како најважна работа што се постигна за време на мандатот ќе ги споменам : успешното ресетирање на determination bonus во регионите во Австралија , и МПП-то со Полска.

Со тоа МПП практично се отвори можност да се потпише МПП со сите земји од пријателскиот сојуз СИРИУС па така веќе имаме МПП со Обединетото Кралство а во тек беа преговорите со Америка и Шпанија. Воспоставени се првични контакти така да следниот претседател ќе има бар полесна работа во овој дел.Се надевам дека кој и да стане претседател ке го земе мојот МОФА Северус за член во својот тим.

Исто така би сакал да напоменам дека АС-от беше полн цело време и админите да не го пуштеа турнирот веќе ќе имавме дополнителни и сигурни 3-4 региони.Одбрано беше место и се беше договорено.Не се оствари ова бидејќи нашите непријатели ги земаа главните награди од админите , па се решив да не правиме АС ако случајно некој дојде накај нас тогаш да пуштиме.

Нормално пробано беше да се направи и НАП на почеток на мандатот со грците , но очекувано бевме категорично одбиени.

Искрено бев подготвен да одам и на втор мандат , се кандидирав но сватив дека кога некој не ти го цени трудот , нема потреба повторно да се мачам 🙂

За крај сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа да го истераме месецов, а посебно на Северус , и Министерството за Здравство предводено од Таша и имењакот Иван.

Толку од мене и можеби ќе се видиме во некоја наредна прилика
о7