РЕКЛАМИ , КАДЕ СТЕ ?!

Day 2,031, 01:29 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Ова искрено и директно прашање им го упатувам на сите радио и ТВ-станици, весници и списанија, на сите оние кои се занимаваат со масовна ментална хигиена, со рекламирање на нови производи или, народски кажано-со искрено, емотивно и нежно забивање шајќи во туѓите глави.
Голем недостиг, тунелска празнина во душава чувствуваме поради тоа што тие не смогнаа сили за да креираат реклами за најновите деца на човечкиот прогрес.Како овие на пример:

- Чевли за фаќање чекор со времето.Препорачливо е едниот да е десен, а другиот лев;
- Еднократен народ, нов, партиски неупотребен;
- Апарат за вадење семки од лубеници и маст од земјоделци;
- Стоп...пардон, стап за знаме во природна големина;
- Електрични столови за градските автобуси со локална самоуправа, т.н хумани столови , кои би им ги скусувале маките на патниците;
- Детелинки само со четири листа кои треба да растат по сите паркови на нашата земја.
- Портабл-кариери на батерии;
- Тенк за самоубиства на политички лидери (Лидерот, во случај на успех , би бил разнесен во милиони парчиња и секое од нив како парченце од моштите на светец ќе има непроценлива вредност за своите верници);
- Редовни столови за масовна употреба;
- Далечински откривач на загубените далечински управувачи за телевизори;
- Портабил-потпарол на владата погоден за носење дома или во редакцијата, во случај новинарскиот касетофон да ви откажал;
- Денски огномет за кој претходно е потребно обезбедување доволно количество мрак;
- Бел тунел како симбол на поубава иднина;
- Двоглав семафор, заради можност од алтернатива при менувањето на правецот во возењето;
- Гласач со дупка во главата низ која можат слободно да минуваат предизборни ветувања без да му ги повредат на гласачот виталнте делови;
- Седатив за паркирање на погрешни политички функции;
- Бескрајно јаже за врзување крај со крај;
- Девизна денарска штедна книшка;
- Стаклени политичари. Нежни суштества кои поради својата стаклена биологичност ( а не логичност! ) ќе мораат да бидат мошне внимателни при давањето изјави;
- Либерално-минерална партија која е многу погодна за освежување на нашата политичка сцена;
Итн ...

Епа другови и другарице ...
Се надевам ви се допадна 🙂

Вашиот :
ORIGINAL MKD