ПРОТЕСТИТЕ ИМ ПОМАГААТ НА УБИЈЦИТЕ!

Day 1,609, 13:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Пред два три дена напишав една статија која беше критика на администраторите на играва, па согласно нивната логика, статијата беше прогласена за „Flaming“ и избришана. Статијата беше, како што потврдија 550 гласа - повик за разум. И ете сега, морам пак да седнам, и да напишам уште еден повик за разум. Овојпат целтната група не е Плато со другарите, туку целната група се нашите вжештени глави, особено оние помладите.

Четвртокот некој изврши страшно злосторство, за кое сите знаеме. Според начинот на кој е изведено и планирано, се работи за врвни професионални убијци. Полицијата има значаен напредок во насока на откривање на сторителите, а за да биде случајот разрешен, потребно е знаење и внимание на секој вработен во полицијата. Ајде да се прашаме неколку работи:
1. Што би сакале убијците да се случува сега во нашето општество?
- Одговор: убијците би сакале да има нереди и протести, за полицијата да мора да интервенира, што би им дало време да избегаат...
2. Кој им го овозможува ова?
- Одговор: „големите партиоти“ кои прават нереди, кршат и лумпуваат низ Скопје, барајќи „одмазда против Шиптарите“.
3. Зошто се сигурни дека се убијците Албанци?
- Одговор: затоа што само тие имале мотив за злосторство... Е ова последново е ГЛУПОСТ! Тежок идиотизам... И ќе ви кажам зошто.
Дури и најрадикалните албанци имаат политичка цел (голема Албанија). А ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ НИКОЈ, НИКОГАШ И НИКАДЕ не постигнал со убивање деца!!! Со тој гнасен чин секој Албанец е свесен дека би си ја товарил целата меѓународна заедница на врат, вртејќи ги симпатиите кон Македонците.
И нормално, ќе ми напише некој - така направиле оти се глупи! Фер... Само да се прашаме дали тој што ќе рече така е глуп, или доброорганизирани, софистицирани тренирани убијци се воедно и глупи?

Сега е ред да дадам мое видување на нештата. Хаосот кој помагате да се направи со вандалските протести е ЦЕЛТА НА УБИСТВОТО. Децата, лесна им земја, беа убиени за да настане хаос, меѓуетничка војна, нов вооружен конфликт. А кој би профитирал од тоа? Македонците? Албанците? Можеби Ромите, Бошњаците или Власите?? Ајде подлабоко да размислиме, кој се тие што би сакале да се испоубијат меѓусебе Македонците и Албанците? Нема да ви дадам одговор, затоа што тоа би се третирало како изнесување национална нетрпеливост, што ќе резултира со бришење на статијата. Затоа седнете, со ладни глави размислете... Кој добива а кој губи од правење Либан или Палестина од Македонија? Само едно ќе ви кажам:
НЕ ДОБИВААТ НИТУ АЛБАНЦИТЕ НИТУ МАКЕДОНЦИТЕ, ТУКУ НЕКОИ ТРЕТИ!

Затоа вака... Излезете, побарајте мир, побарајте ефикасност на полицијата.
НО ВЕ МОЛАМ КАКО РОДИТЕЛ, ЗАРАДИ ВАС И ЗАРАДИ МАКЕДОНИЈА - НЕ ПРАВЕТЕ НЕРЕДИ!!!!


П.С. Не мудрувајте со зборови како „предавници, кодоши, немакедонци“... Особено ако имате помалку од 15 години.