МАКЕДОНИЈО ПРИПРЕМИ СЕ! ТЕ ЧЕКА ДОЛГ ПАТ! [АВРАМОВСКИ]

Day 1,483, 11:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво Македонијо!

Денес е 12ти Декември односно 1483 ден од настанокот на еСветот или пак само 7 дена откако изборите завршија и јас Ви се обратив, 6 дена откако официјално дојдовме на власт и почнавме со работа.

За многумина изминативе 6 дена беа досадни, најпрвин започна со повторно непотребно критикување наместо да се пронајде вистинската причина зад сето тоа. Тоа се разреши благодарение на мојот тим кој дејстуваше навистина брзо! Можете да бидете горди на нив! Изминативе 6 дена истотака покрај тоа што беа досадни (за некого) и покрај тоа што додадовме плус 2 ресурса за многумина и изминаа навистина брзо, но за некој многу споро и во заднина се случија милион работи, договори преговори...

Чудно е што дури не знам и од каде да почнам!

Како што сите знаете нашиот главен град со една единствена цел, да се дојде до поголем број на ресурси и понатамошно проширување, е во Саудиска Арабија. Оттаму и ние заедно ќе тргнеме на пат кон Индија. Со опција за напад врз Кина.

Оние кои малце повеќе се разбираат од останатите би знаеле досега, дека според моменталниот распоред на бои(држави) на мапата во мала азија, дека тоа е практично невозможно!

Турција на североисточна страна со претензии кон Иран плус го бара Кипар.
Иран со внатрешни проблеми и нерешителност дали се ПРО ОНЕ или ЕДЕН, плус со опции за ширење кон нашиот сосед Саудиска Арабија и непријатели со Турција, имено официјално се веќе во ОНЕ.
Ние од другата страна, соседи на двете земји па и блиски сојузници и го држиме Кипар.
И секако Грција истотака на северот.
А последната опција, да одиме преку Албанија во Италија и да се шириме, ни ја затвараат Србите.


Во сите овие горенаведени причини, нашиот пат кон Индија херметички е затворен и плус со тапија на ОНЕ.
ОНЕ, строго по секоја цена сакаше да не држи настрана од таа наша замисла па во еден момент ни се обратија со зборовите “доста сонувате“!
Тоа беше воедно и навреда за Македонија, држава која е во ТОП 5 земји, а не некоја Америка или Русија! Зборови кажани од висок претставник на ОНЕ алијансата од која ние сме дел, притоа присетувајќи се како ние им подарувавме региони на наши сојузници, како постојано се бориме на туѓи фронтови, и помагајќи некој да има 10 од 10 ресурси додека ние молиме само за прелаз во Индија? ТОА Е НЕПРИФАТЛИВО! Па на тие зборови, јас можев да дадам еден единствен одговор “соништата не движат напред и никогаш не треба да се откажуваме или некој друг да ни наложува кон што ние да целиме“ притоа решително посочивме “ние одиме кон Индија”! И во еден мој краток искрен текст, и ја се чудам како, ОНЕ од про-контра на нашите идеи, наеднаш ја видоа нашата мотивираност и решителност, и неодстапување од нашата цел, застана на наша страна и реши да ни помогне со сета своја моќ!
Веднаш почнаа да се развиваат разно-разни планови!

Македонија доби зелено светло за пат на исток преку Иран, каде претензии имаат и Турците, а ние сме добри соседи со двете држави, невозможна мисија нели!
Но откако тоа се разреши остана само еден проблем, Грција!
Како што најавив во мојата кандидатура, и не е никакво изненадување, договор ќе има со Грција, веќе се е познато за поблизок круг на луге што тој содржи и се очекува негово прифаќање од страна на Грчките власти рано изутрина.
(Повеќе за договорот ќе Ве извести DarkoDimovski1 со посебна статија стриктно за договорот и последните случувања)

СЕ Е РЕШЕНО во овие 6 дена! Остана уште мали проблеми со Турција околу Кипар и со Пакистан за прелаз кој ќе биде разрешен во текот на денот!

Затоа, сега се зависи од Вас народе, ако сме сплотени, истрајни, и непопустливи во нашите намери да се успее во својата цел ја очекувам целата Ваша подршка и да го дадете максимумот да успееме да дојдеме до Индија, за првпат, таму каде што ниту еден еМакедонец досега со еМакедонија не стапнал! Таму каде што ке ја развиеме новата Македонија! Од таму ќе го нанесеме последниот наш удар кон Кина! И тука се надевам ќе го испишеме најголемиот поход некогаш, со најмногу сили досега вклучени! Во една единствена епска битка! Битка која ке роди нови херои!

НО, патот до таму е трнлив, но секој ѕвезден пат е трнлив! Ако сакаме до него, мора да одиме заедно, бидејќи така сме посилни од се и само така ќе успееме! Ако во даден момент на битка, некој си помисли, “што јас ке сменам со 2000 сила и 10 базуки?” помислете на тоа дека има уште 100 такви како Вас! Сите заедно ке бидете од разорна моќ да непријателот нема да знае каде му е главата, но за тоа треба мотив и треба голема решителност инает и непопустливост во целта да не се дозволи пораз!!!

Доколку, овој наш поход, овој наш долг пат заврши на крајот со неуспех, ние ќе знаеме дека барем се обидовме! Ќе знаеме дека го дадовме својот максимум да успееме во нашите цели, подобро отколку да седиме со скрстени раце, ќе знаеме дека се обидовме да му покажеме на еСветот дека не се плашиме од никого и нема да клекнуваме пред никого!!! Јас реков одам кон Индија, макар тоа и да биде фатално, јас знам дека стоев на мојот збор во кој мојот народ веруваше и ме изгласа на 5ти Декември, а мојот збор не го прекршувам пред никого и за никого!

МАКЕДОНИЈО ПРИПРЕМИ СЕ! ТЕ ЧЕКА ДОЛГ ПАТ!
ОДИМЕ КОН ИНДИЈА!!!!




Искрено Ваш
Со почит,
Душко Аврамовски