Дали знаете дека...

Day 1,440, 13:37 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Па драги мои Македончиња по извесно време и јас да поработам на весников , со една нова статија која се надевам ќе ви се допаѓа..

Дали знаете дека...

...првиот веб-домен што некогаш бил регистриран бил „Симболик.ком“ на 15 март 1985 година.

...романот „Бен Хур“ на писателот Лу Валас бил првото белетристичко дело што го благословил папата.

...армијата Кублај-хан, внуците на Џингис-хан, во 1281 година пробала да изврши инвазија на Јапонија, но ги спречил ураган што им ја уништил целата флота.

...луѓето кои имаат кратко непце почесто грчат, затоа што помало количество воздух им проаѓа низ носот.

...во текот на еден просечен живот луѓето поминуваат четири години возејќи се во автомобил, а од нив шест месеци чекаат да се запали зелената светилка на семафорот.

...некогаш во Јапонија причина за развод на бракот било тоа што жената била левучар.

...12 шолји какао содржат кофеин колку една шолја кафе.

...најголемиот пајак некогаш откриен имал пречник од 50 сантиметри. Неговиот фосил е пронајден во Аргентина.

...жените се смеат повеќе од мажите.

...во светот еден јазик изумира на секои две недели.

...келтските војници влегувале во битка потполно голи, со телата обоени во сино, од глава до петици.

...забележано е дека највисокиот лет на една птица изнесувал 11.300 метри, што бил откриен бидејќи авион удрил во птицата.

...жените четирипати повеќе имаат здравствени проблеми со стапалата отколку мажите.

...во текот на изградбата на Панамскиот канал умреле околу 25.000 работници.

...во Белгија 94 проценти од децата под 14 години имаат производи од „Лего“.

...во 1790 година можело да се најде сладолед со вкус на пермезан или ѓумбир.

...масата на Јупитер е 318 пати поголема од онаа на Земјата и 2,5 пати поголема од масата на сите планети на Сончевиот систем заедно.

...според истражувањата, најпродуктивен ден во неделата е вторник, а најнепродуктивен петок.

...во Северна Америка постојат 618 големи тобогани во забавните паркови.

...Американците прават 25 проценти од светското ѓубре.

...во Стокхолм постои ресторан што нуди јадења што се во потполност направени од лук.

...во текот на животот просечен возач свирнува 15.250 пати.

...мажите се потат повеќе од жените, бидејќи жените подобро го регулираат количеството вода што ја губат.





Однапред да се заблагодарам и што друго да кажам уживајте во статијава ...


Вашиот:
ORIGINAL MKD