Најефтина храна и најефтино оружје...

Day 1,251, 07:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Пред да ја почнам статијава, сакам да нагласам: Статијава е полна со математика и досадна за луѓе кои не се разбираат од бројки. Крајот на статијата е забранет за лица под 18 години.

Предмет на анализата: Која храна е најефтина на пазарот (во овој момент) и зошто - и кое оружје е најевтино во моментов - и зошто...

1. Храна
Релативно едноставна за пресметка, бидејќи се однесува на само еден параметар - колку здравје ќе вратиме со исти пари, за различните цени на храната, според квалитетот: Прво, моменталните цени:
q1 = 0.68; q2 = 1.27; q3=1.90; q4=2.58; q5=3.4;.
Храната дава 2,4,6,8,10 здравје соодветно - значи просто со делење на цената со здравјето што го дава, добиваме колку плаќаме за еден здравје. А плаќаме вака некако:
q1=0.34; q2=0.318; q3=0.317; q4=0.323; q5=0.34;. Излегува дека најефтина храна е онаа од q3, најскапи q1 и q5. Мала напомена - Q3 може да ве остави на пример на 96 здравје. Лебчето ќе носи 6, па ако го изедете за да надокнадите 4, губите 2 џабе. Нејсе, за да си вратите 300 здравје, со q3 ќе потрошите 95 денари.

2. Оружје
Пресметката не би требало секој да ја чита, оти боли глава 🙂. Сепак, да запишеме некои детали: Цените на оружјата се:
q1=5.1; q2=10.38; q3=14.97; q4=22.95; q5=31.75;.
Но математиката е нешто посложена: прво, заради трајноста на оружјето, второ заради процентото врз влијанието, создаваме комбиниран фактор на оружјето, кој соодветно од q1 до q5 е: 1.2; 2.8; 4.8; 7.2; 10;... Овој фактор е производ на процент и трајност на оружјето. Но, не е доволно само поделба на цената на оружјето со овој фактор, бидејќи со едното пукање на q1 ќе потрошиме 10 здраве, а со петте пукања со тенкот, ќе потрошиме 50 здравје. Според минималната цена позајмена од точка 1 (Храна), во едниот случај ќе треба да платиме 10 здравје т.е. 3,17 денари, а во последниот 50 здравје, т.е. 15,83 денари. Оваа цена на храната ја додаваме на основната цена, па тоа го делиме со факторот кој го пресметавме за оружјето. Да не ве дотепувам, овој коефициент на корисност на оружјата е следниот:
q1=6.89; q2=5.97; q3=5.10; q4=4.95; q5=4.76;
Односно, како резиме би дошло дека најефтино ќе си поминете, притоа најбргу ќе напредување ако користите q3 леб, притоа се тепате со тенкови... Нормално, под услов да имате сретства да ги платите сите овие трошоци и да останат ваквите цени...

До следната анализа,
Методиус Магнус!

P.S.