Барања за Државјанство - КОНГРЕС

Day 1,194, 08:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian
Известување
Значи по 1 месец без конгрес, заради резултатот на окупацијата од Бугарија не бевме во можност да креираме Конгрес, сега сме во можност да ги средиме работите во нормала со законите и Барањата за Државјанства на транспарентен начин!
Како прво не треба да ги спамирате конгресмените со 5-10 пораки , доволно е една порака, но и без тоа на нашиот список вашите апликации се прикажани. Гледајте како опис на апликацијата да ставите причините за вашата апликација за што побрзо да можиме да ви ги земеме во предвид.
Тие кај кои има нејаснотии ќе бидат прегледани и со порака ќе бидат контактирани за да се увери веродостојноста на граѓанинот.
Секоја одлука за државјанство е одлука на Конгресменот кој со консултација со другите конгресмени донесува одлука за потврда на државјанството.
Ве известуваме дека вечер после 21:00 часот ќе започне доделувањето на државјанства, откако ќе се утврдат правилата и законите за работа на конгресот.
Бидете трпеливи за да ги организираме работите во најдобар можен ред!
Со почит,
Конгресмен Georg the macedonian