Кандидатура за КОНГРЕС!!!

Day 1,125, 14:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Кандидатура на Georg the macedonian

Здраво како и првиот пат кога се пријавив за конгрес пред 1 месец ќе ви се претставам кој сум, што правам и кои се моите цели во еРепублик за да можат и новите играчи да се запознаат со програмата при која се придржувам.

Јас сум студент на UIST ( Нов државен Универзитет за Информатички Науки и Технологија) во Охрид и имам 20 години.
Со играва зе занимавам повеќе од 2 месеци и со тоа малку време успеав да создадам мрежа на пријатели и контакти во играта со домашни и странски играчи. Започнав бизнис со пекара MakedonskiLEB која е позната по најефтиниот леб на пазарот (со непрофитерски цели - ЗА НАРОДОТ) која успешно работи и се одржува, а воедно им помага на играчите со мал буџет да си го регенерираат здравјето со помалку пари.
Од политички аспект сум активен и ги следам сите промени како во внатрешноста така и во надворешната политика и имам свое видување и коментар за секое случување што го тресе еРепублик светот кое го споделувам со вас било преку весникот Macedonian Daily или на IRC каналот.

Сум помогнал на многу почетници да застанат на свои нозе на играва. Едноставно да го цитирам Sime0ss како би се опишал „НАРОДЕН ЧОВЕК“! Секогаш на страната на НАРОДОТ!
За мојата програма (политика во конгресот која ја застапувам) :
Познавајќи ги проблемите на сите корисници би рекол дека од оваа конгресна структура со мали измени што треба да се направат, работите полека се придвижуваат кон подобро (од економски аспект)

За мојата ПРОГРАМА (политика во конгресот која ја застапувам) :

* За стабилен(одржлив) курс на денарот во однос на златото
* За нормализирање на цените на житото и лебот во сооднос со бруто платите и даночните приходи на државата
* За стимулација која ќе води кон зголемување на компаниите за оружје и квалитетот на истото за попристапни цени од сегашните
* За зголемување на средствата за армијата од буџетот заради турбулентните времиња со јужниот и источниот сосед

Себеси би се опишал како борец за правата на народот, секогаш на страната на „помалиот“ обесправениот, што е всадено длабоко во мојот карактер како на овој така и реалниот свет.
Тоа е накратко за мене и кандидатурата, се надевам јас сум човекот кој ќе го изберете да ги застапува ВАШИТЕ интереси на еРепублик!
Благодарам однапред!

Ваш,
Georg the macedonian

Да живее Македонија
Да живее Феникс