Кој сака Бесплатна куќа...

Day 1,078, 05:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Некогаш ќе ве задеси малер, некогаш среќичка. Еве што ми се случи мене... Штедев напорно и конечно заштедив доволно за да си купам куќа. Принципиелно си ги играв сите игри на среќа, односно гласав и се претплатував кај сите што ќе го побараа тоа. И се случи и тоа... Кај Лазароса добив куќа. Да е поинтересно, кога Аминта Македонецот отвори фирма, како мој пријател ми понуди да купам куќа со многу поволни услови, па раситнив нешто злато - и купив уште една... Сега сум ситуиран - т.е. имам 3 куќи. А бидејќи имам и весник, решив да го направам истото што го прават и другите - да организирам наградна игра, во која добивката е куќа. Нормално, како кај сите, така и кај мене, ќе ми треба вашиот број на глас и претплата, со цел да можам да го одредам победникот.

Една молба. Куќата што ја давам е со здравје 10/ден и има уште 4 дена (не ја трошам до крајот на наградната игра, која ќе трае 48 часа). Оваа награда не е богзнае што за големите играчи, но може да е доста голема за помалите играчи. Така, ги замолувам поголемите покрај својот глас да стават и име на свое помало пријателче. Секако ова не е задолжително... Ако не стават, ќе добијат куќа, па нека одлучат каде ќе ја дадат...

Само еден случајно генериран број од оние кои гласале (се претплатиле) ќе добие куќа!

Куќата до 8-ми ноември ќе ви носи по 20 здравје на ден (акцијата Хепинес на е-репаблик). Стартуваме --- ден 1078: 05 часот 23 минути

Искрено - Методиус Магнус!