MERCENARY на ден 1904

Day 1,904, 16:30 Published in North Macedonia South Korea by ONE Q

Еве ме со една нова статија која пред се ќе биде наменета за новите играчи но и стари кои што уште ја немаат земено оваа медаља а се во план да ја земат.Ја зедов на ден 1904 која буквално ја работев секој ден одкако сум во оваа игра така да еве за нешто повеќе од месец дена конечно денеска светна на мојот профил.Морам да признам дека е прилично тешка за земање но и бајаги скапа медаља така да голдот што ќе го земете нема ни половина да ги покрие трошоците за потрошените тенкови и храна а пак да не зборувам за патните трошоци кои што во последните денови бараше да се патува на поголеми дистанци со патни трошоци од 80 сс во еден правец бидејки тука по комшии при крајот немаше земји за кои што можеше да се пука бидејќи пукав скоро за сите.Mорам и друго да напоменам дека со самото активно пукање значи секој ден буквално енергијата се празнеше до крај и со самото тоа за брзо време качив левел 25 и пројдов во дивизија 2 и морам да казам дека тоа е грешка бидејки немав доволно сила за дивизија 2 така да би препорачал ако планирате да ја земете тоа да го сторите покасно.За оние кои што велат дека не е патриотска медаља веднаш да им признам дека не сум пукал за Грција и Албанија а сум пукал против нашите сојузници бидејќи без тоа не би можел да ја земеш медаљата знае оној кој веќе ја зел.Не планирам да ја работам по втор пат оваа чисто беше колку да светне медаљата и да бидат сите на број.Сега за сега толку од мене.Поздрав