Кандидатура за Претседател [VOIX]

Day 2,345, 14:15 Published in North Macedonia Greece by Voix of Macedonia Resurrected

Здраво Македонијо

Добре дојдов назад...

Само што сега сум со многу помала сила од претходно, воопшто злато и ниту еден тенк. Се што ми остана е лист и перо за да пишувам и да влечам некаква дискусија. Прво сакам да го прцнам сегашниот претседател од власт затоа што досади и богу и народу на власт :Р. Се шалам за ова што го кажувам и насловот нема никаква врска со ова што го пишувам, ова го пишувам само затоа што сакам да ве видам сите тие што играте сеуште во коментари на статијава и да кажете мислење за што било...највеќе сакам да се потсетиме на старите времиња, затоа што тогаш вистински и со цела душа се играше играва, сега претпоставувам дека се е само дружење.

Се сеќавате кога Ел Че беше претседател?

Ви текнува кога Иван Ванчо ја пикаше раката во медот?

На Драшко секој се сеќава нели?

Струме?

Скајмекс императорот?

Аексил ослободувачот на ОНЕ?

Мудоњата мудаш?

Тандемот на Дон Тас и Бобан Митревски?

ПАНЗЕР????

Лазароса вечниот?

ДЕМОНИ?

Ах кога ја освоивме Егејска (најголемиот момент во еИсторијата)

Кога стигнавме до Саудиска Арабија и ја држевме грција со месеци под ропство!

МАКЕДОНСКИ БУНТОВНИЦИ!!!

Моите деца од ДБК???


Уште многу други легенди кои што вредат да се споменат (се извинувам што не ги споменав, можеби ќе можете да кажете уште некој во коментари)


Да живее Македонија