[SaJrUs] Претседателско обраќање *EDIT*

Day 1,798, 21:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво сонцеви ќерки и синови на Македонија!!!


Еве сум јас вашиот "водач" за овој месец да ви пренесам некои информации за моменталната состајба во оваа еОпштество од моја гледна точка.
Прво ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека сум тотално разочаран од тоа како работите изгледаат од оваа страна, како играта функционира од оваа страна, тотално ми се смени мислењето и се жалам самиот себе и својот тим што ги вовлеков во ова.
Можеби ова само не е функција која ми одговара на мојот карактер и не сум за ова ама вие ме гласавте имавте доверба во мене и јас ќе се потрудам до крајот на мандатот да разочарам што помалку од вас а да направам горди што повеќе 🙂

Да почнеме за денешниот закон за МПП со Чешка и нашите пријатели која ја имаат контролата таму, јас лично како играч немам ништо против секој од вас да си ја прави играта интересна на начин на кој тоа ви одговара ама сега ја имам функцијата да мислам за добро да еМакедонија.


Ние сме сојузници со Словачка и сега не е баш моментот да тоа се промени, се надевам дека овој закон нема да биде сватен погрешно од нашите сојузници и нашите пријатели нема да бидат навредени од мојата намера да не успее.
Во иднина се надевам дека ќе се наместат коцките и ќе можеме да бидеме сојузници ама тоа не е случајот сега.

Унгарија е еден од најдобрите сојузници кои ги имаме во играта, многу пати безрезерно имаат пукано за нас и помогнато во многу ситуации затоа кога ја побараа мојата помош бездвоумење им излегов во пресрет и заедно со нив и нашите сојузници ќе ја бркаме Америка од Европа бидејќи не и е место тука и сите не прави "нервозни"


Прво ќе ја поминеме Франција и веднаш потоа одиме по хамбургерите и со здружени сили ја чистиме, мислам дека нема да претставува голем проблем и лесно ќе се решиме од нив.

Со Србија овие денови треба да почнеме со спроведување на нашиот договор и да почнеме да ги одстапуваме регионите кои и се потребни.
Најпрво треба да ја одстапиме Апулија и со ред останатите региони ( Molise, Abruzzo, Lazio и Tuscany) ова ќе оди поспоро со оглед на новите закони за востанија и е шанса за некои наши играчи кои до сега се немаат здобиено со овој медал да го сторат тоа.
На нас ќе ни останат Sardinia и Campania чисто како отворена опција за наредниот претседател ако има некои идеи (if you now what I mean)
Црна Гора ќе не нападне со цел да го преземеме железото од нив.

Опцијата напад на Хрватска отпадна бидејќи главниот град на Хрватите е на Балкан и несакаме да им направиме услуга и да им го префрлиме повторно во Азија, баш бев оптимистички настроен на ова опција како на добра забава за нас и помош на нашите пријатели Индонезија.
Кога сме кај Индонезија безрезерно и помагаме во нејзината војна со Хрватска и тоа не се менува!

*EDIT*
Ме контактираше Парагвајскиот МОФА


Денеска треба да внимаваме на Албанија и нивниот обид да се ослободат за конгрес, би требало да имаат можност за дигнат востание денеска попладне и нашиот преоритет ќе биде тоа востание да се задуши по секоја цена.


Како што можете да видите од горе напишаното барем ги "задолживме" нашите сојузници за во иднина да понудат и да можеме да побараме помош кога ќе ни биде потреба.

Бескрајно сум благодарен на мојот тим кои ми помагаат и подржуваат во секој поглед, благодорност и до сите со позитивните критики и идеи.


Salute my dear friends 🙂



SaJrUs o/