Интервју со председателот на еМакедонија BucephalusIII

Day 1,916, 05:24 Published in North Macedonia North Macedonia by MACEDONP4

Во ова интервју со нашиот председател BucephalusIII се состои од 20 прашања:

1. Кој е BucephalusIII во реалниот живот ?

• Вработен во Државна болница - хирургија како физиотерапевт, патриот но не и националист.

2. Колку години имате ?

• Само 30

3. Зошто се одлучивте за името BucephalusIII ?

• Сите почнаа да го величат Аце наш преку имињата на профилите, па си реков јас да го величам коњот кој го носеше дури до Индија.

4. Што правите кога не ја играте eRepublik ?

• Филмаџија голем сум па на секој саат ја рефреширам страната Замунда 🙂 а понекогаш и спортувам.

5. Кога започнавте да ја играте eRepublik и што ве поттикна ?

• Пред две години кога на Сител искочи антиталентот за кошарка Иван Ванчо Македонски кој преку неговата приказна ме натера да му помогнам во играва...проклет да е! 😛

6. Кој eRepublik играчи најмногу ви помогнале ?

• На почетокот никој поради самиот факт дека имаше огромен прилив на нови играчи - бејби-бум кој не можеа во целост да го контролираат малкумината постари играчи во тој период од самото додавање на Македонија во играва, подоцна се запознав со mac3donia со чија помош подобро ги запознав механизмите на оваа игра.

7. Колку време дневно одвојувате за eRepublik ?

• Најмалку 3 часа.

8. Дали има нешто што Вие сакате да го промените во eRepublik доколку имате таква можност ?

• Додека не ја проширам уште малку еМакедонија не би сакал да менувам ништо 😃

9. Кои се вашите најубави, а кој најгрди моменти во eRepublik ?

• Најдобри има многу од нив ќе издвојам само неколку - држењето на јужниот сосед под 5-6 месечна окупација, бришењето на истите од оригинални територии и Саудиска А. во времето кога бев МоД а smee again ЦП на јужњаците, и моменталниот момент 😃 .Додека за најгрд е кога бев МоД 8 дена а ЦП тогашен беше Иван ака Фрајдеј(Петко банкарот).

10. Дали купувате злато со реални пари во eRepublik ?

• Да, но ретко.

11. Која е вашата цел која сакате да ја достигнете додека сте председател на еМакедонија ?

• Целта е скоро постигната, останува уште да се префрлиме со главен град во Дубаи и здравје боже да им писнеме во контра напад на јужњациве..лавовски..онака како ние што знаеме...но, се разбира ако стигнам до крајов на мандатов 😃

12. Ваше мислење за моменталната состојба во еМакедонија ?

• Воено и политички на доста завидно ниво, економски патетично :/

13. Дали Вие ја основавте MO - UP - доколку не како стигавте до председател на партијата ?

• Не сум основач, а стигнав на позиција Партиски Претседател поради поддршката на МТО членовите а и довербата на останатите членови од партијата.

14. Од каде произлезе идејата да се кандидирате за председател на еМакедонија ?

• Од желба за да направам нешто ново и да го привлечам интересот на играчите наши кои во последно време се во се помал број за жал. Колку ќе успеам за ова кратко време останува да се види.

15. Доколку не ги исполните ветувањата кои ни ги приложивте во вашата председателска кандидатура дали ќе се повлечите од еЈавниот живот во eRepublik ?

• Нема да го направам тоа, но, секако дека ќе ми остави негативен белег лично за мене.

16. Зошто баш тие играчи ги поставивте како ваши соработници за да ја водите еМакедонија ?

• Сите тие момци и девојки ги осеќам како мои ебраќа и есестри, на кои во никој момент во досегашнава моја екариера не сум се посомневал во нивните способности и желби да помогнат не само на мене него и на еМакедонија...патриотишта со огромни патриотски срца...поздрав до нив 😃

17. Дали имате намера да се кандидирате и на следните председателски избори ?

• Не.

18. Што изменивте во еМакедонија откако сте на функцијата председател на еМакедонија ?

• Да ја вратам вербата во нив дека имаат сила да стигнат не само до ОАЕ него и да тргнат на запад и пак да стигнат до ОАЕ...но само доколку работат и се борат сплотени во ЕДНО.

19. Дали кога ќе ги постигнете вашите цели во eRepublik планирате да се откажете од оваа игра ?

• Не, можеби ќе одам на троклик.

20. Што би им препорачале на останатите граѓани на еМакедонија ?

• Одиме понатаму...СЛЕДЕТЕ МЕ!!! 😉


*MACEDONP4*
___________________

p.s. ако сакате претплатетесе и гласајте на статијава за да ја видат повеќе луѓе. Благодарам