Прво Претседателско обраќање [BucephalusIII]

Day 1,905, 13:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Добро ви утро,ден и ноќ!

Најнапред да ви се заблагодарам на сите оние кои гласаа за мене и ми ја укажаа довербата за престојниот за мене најтежок месец како Претседател на еМакедонија, но и на Prilep4an4e кој е секако виновникот за едни фер избори без никакви омаловажувања или препукувања на политички план.

Она што во наредниот период не очекува според мене ви е добро познато поради промовирањето на мојата кампања.

Сакани и убави мои од вас барам целосна посветеност на интересите на еМакедонскава држава, мора да дејствуваме како едно координирајќи се преку весникот на нашиот тим на Министерството за Одбрана како и каналот на истото министерство #mod.team .

Затоа ја користам оваа шанса да АПЕЛИРАМ до сите Македонци и Македонки кои сакаат од се срце да успееме да дојдеме до еден голем подвиг на нашата земја овој месец да се обединат и помагаат меѓусебно МАКСИМАЛНО!



Верувам во Вас како што Вие верувавте во мене!!

Нека ни е еГоспод со нас овој месец.

СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!



Претседател на еМакедонија

BucephalusIII