ВИЦОТЕКА(2) [ AirScapeNo.1 ]

Day 2,707, 10:08 Published in Chile Serbia by AirScapeNo.1

Да се насмееме а и воедно да ми помогнете да ја завршам мисијата со коментари (2/3).. Ве молам за 25 коментари да го гледам сликчето повеќе почна да ме нернвира.

Како луѓето од различни професии ловат слонови?
–Математичар:
Оди во Африка, отфрлува сè што не е слон и го лови она што ќе преостане.
–Искусен математичар:
Се обидува да докаже дека постои барем еден слон, па потоа ја продолжува горенаведената постапка.
–Професор по математика:
Го докажува постоењето на слонот, а потоа ги праќа студентите пост-дипломци да го уловат.
–Програмер:
Лови слон по следнава постапка:
Оди во Африка
Почнува од р’тот “Добра надеж“
Ќе оди од крај до крај на континентот полека придвижувајќи се кон север Движејќи се така полека од крај до крај :
-ќе го улови секое животно што ќе наиде
-ќе ги спореди нивните особини со особините на некој познат слон
-ќе подзастане кога ќе детектира сличности
-во спротивно ќе продолжи понатаму.
–Искусен програмер:
Пред да го примени предходниот алгоритам, ќе постави еден слон во Каиро за да биде сигурен дека алгоритмот ќе заврши.
–С програмер:
Ќе го примени предходниот алгоритем движејќи се и на раце и колена.
–Инженер:
Оди во Африка, ги уловува сите сиви животни по случаен избор и го задржува она чија тежина е во дијаметар од 10% тежина од еден просечен слон.
–Економист:
Не лови слонови бидејќи верува дека тие сами ќе се уловат доколку добро им се плати.
–Консултатант:
Не лови слонови, никогаш не ги ни ловел, но во секое време би им објаснил како се прави тоа на сите оние кои ловат.
–Политичар:
Исто така не лови слонови, но сите слонови кои некој друг ги уловил би ги поделил со сите оние кои гласале за него.
–Инспектор за контрола на квалитет:
Оди во лов на слонови за да би контролирал како останатите ловци ги пакуваат своите ствари.
–Трговец:
Не лови слонови, но прима нарачки за него со загарантиран рок на испорака два дена пред сезона да почне.
–Трговец со софтвер:
Ќе улови било што, ќе го испорача и ќе го фактурира.
–Трговец со хардвер:
Ќе улови било што, ќе го обои сиво и ќе го продаде како портабл слон.

п.с Ќе го стасувам Персеј со број на вицови.. 😛
SHOUT: ВИЦОТЕКА(2) [ AirScapeNo.1 ]
http://www.erepublik.com/en/article/-2-airscapeno-1--2517610/1/20