[МЗИ] Состојбата во еМакедонија (ден 2,519)
Ministerstvo za Informiranje
Почитувани еМакедонки, почитувани еМакедонци
Со големо задоволство ве известувам дека по пауза од скоро 100 дена, министерството за информирање продолжува со работа.
Во ова издание на Министерството за Информации ќе читате
1. Резултати од претседателски избори Октомври 2014
2. Резултати од попис
1. Резултати од претседателски избори Октомври 2014
Изборите завршија пред нешто повеќе од недела дена и резултатот беше следен.
Како што гледате, битката беше доста неизвесна и на крај по пребројувањето на гласови за победник со разлика од само 2 гласа беше прогласен Vssa87 кој за прв пат седнува во претседателската фотелја. Во споредба со изборите од претходниот месец, карактеристично за овие избори беше што имаше дури тројца квалитетни кандидати и имаше некое придвижување во поглед на активноста на играчите околу политичкиот модул на играва.
Од сликава погоре гледаме дека иако има поголема активност на последниве избори, сепак бројот на гласачи во споредба со јануари годинава е намален за 185. Позитивно е што бројот на гласачи за септември и октомври оди во нагорна линија и се надевам дека истиот тренд ќе продолжи. Во оваа прилика би сакал и да упатам апел до сите играчи да пробате да ги мотивирате играчите за кои знаете дека се имаат откажано да се реактивирираат во играва, ако ништо повеќе барем во „двоклик“ издание.
2. Резултати од попис
Голем поздрав до играчот a translucent кој направи анкета да се попишат играчите од Македонија кои се во еМакедонија и раселени низ светот.
На анкетата одговорија 509 играчи, од кои нешто повеќе од една четвртина се со странско државјанство, а нешто помалку од ¾ се со еМакедонско државјанство.
Од тие што одговориле, поделбата по дивизии е следната
Околу 20% од играчите се во 1ва дивизија и тие се претежно со еМакедонско државјанство.
Нешто повеќе (21
😵играчи се во втора дивизија, и тоа 17% со еМакедонско, а 4% со странско државјанство.
Во Д3 се околу 27% од играчите, 19% со македонско и 8% со странско државјанство.
Во Д4 имаме најголем број играчи (32
😵од кои нешто повеќе од пола се со еМакедонско државјанство (18% од вкупниот број) и остатокот (14% од вкупниот број попишани) се со странско државјанство.
На прашањето „Колку време дневно одвојувате за еРепублик“, нешто повеќе од пола од попишаните одговориле дека поминуваат повеќе од 15 минути но помалку од 3 часа, речиси 30% поминуваат помалку од 15 минути дневно на играва, 9% поминуваат помеѓу 3 и 5 часа дневно и 9% поминуваат и повеќе од 5 часа дневно на еРепублик.
На прашањето во која категорија се пронаоѓате, резултатите се следниве.
Во 1ва дивизија, скоро пола од попишаните изјавиле дека им треба помош за надградба на теретаните додека во втора бројот е нешто понизок и изнесува 42%. Изненадува тоа што дури 31% од играчите во трета и 7% во четврта дивизија сеуште ги немаат надоградено сите теретани. Иако сметам дека приоритет за помош треба да бидат играчите од прва и втора дивизија, сепак не треба да ги заборавиме и тие во трета дивизија, затоа што со тек на време ќе заминат во четврта дивизија без да имаат доволно сила.
На прашањето во кој модул се пронаоѓате, резултатите се следни
Само 47% од попишаните пукаат додека имаат ФФ, додека 25% пукаат само за да извршат Дневна Наредба а дури 28% се изјасниле дека се во „2 клик“ фаза.
За на крај поделбата на играчи според сила
За статистичарите, од 513 кои одговориле, просечна сила во еМакедонија е 45821, „најслабиот“ играч има 15, а „најсилниот“ 98402 сила.
Тоа беше се за ова издание на Министерството за Информирање
Министер за Информирање (Октомври 2014)
dDejan
Comments
[МЗИ] Состојбата во еМакедонија (ден 2,519)
http://www.erepublik.com/en/article/2456657/1/20
o7
Bravo za trudot
bravo o/
Bravisimooo
Одлично сработено! o/
o7 brate
o7
cestitki za srabotenoto
Секоја недела по една ваква статија и ќе се размрдаме 🙂
Читајќи вакви информативни статии играчите ќе имаат причина да се задржуваат на играва подолго...
super
o7
Во ред што на некој му текнало дека постои Министерствово и неговиот весник, ама банериве! Очобол! У пеинт ли се праени? Ајде министерот да се потруди повеќе околу нив. Најдобронамерна критика, пошо ептен сиромашно ми изгледаат :/
Од друга страна, МЗИ у времето на Димза (Март 2013): http://www.erepublik.com/en/article/-20131-2257643/1/20 (забележете го квалитетот на статиите 😛 )
Мај* 2013
[removed]
ne tie na mesto muabetot, pa nie tolku vreme nemavm enisto od ministerstvoto, sega zosto bile vakvi banerite, pa deckoto ne e be brat programer
TAKA E KREMPITA IUNAKU
„најдобронамерно“ напишав, не ругам никого.
штом критикуваш мора да си искомплексиран опозиционер,тоа е логиката на мане кремпитата
ќе биде се, само време... 🙂
stvarno se tapa banerite, ali tie bea u poslednata statija pa da ne krsam tradicija 🙂
ako ima nekoj kompetenten da napravi podobri, neka me kontaktira. za slednata statija ke gi smenam
o7
ova pa kompleksasov segde se javuva a nikoj ni po proziva nitu pa go znae za da kaze nesto
така е мане,сите треба да сме лоботомирани дегени кои се согласуваат со твојата ненадмината брилијантност. а ако внимателно прочиташ (иако почнувам да се сомневам дали можеш) ни тебе никој не те прозва,ти сам си се пронајде. како беше она со мувата и капата?
o7
o7
cestitki za srabotenoto
what about me? i am sure in "others" hehehehe
You are in the VIP section 🙂
Bravo o7
add me as a friend..o7
o7
o7
o7
+1
🙂
o7
Samo taka prodolzete
И на крај, заклучок ?
Немате график за тоа колку проценти од играчите кој ранг се.
o7
o/
o/
o7
o7
o/
o/
o7
браво за трудот, топ анализа о7
Бравос.
треба да се организираме и сите македонци да се врати ме назад!
kongres prvo 😃
o/
о7
Znachi realno na igrava ima okolu 600 makedonci sto se aktivni tuka i pukaat ....
nice job and info
thank you mr president of FYROM o/
Republic Of Macedonia* Please