ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНИЈА - 2 ДЕЛ – РАЗЛИКИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА СО ГРЧКАТА ДРЖАВА

Day 2,591, 10:58 Published in North Macedonia Romania by jerigomkd
ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНИЈА
2 ДЕЛ – РАЗЛИКИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА СО ГРЧКАТА ДРЖАВА


ВЛАДЕТЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА

Династија Аргеади
Каран 808-778 п.н.е
Кoeн
Тирима
Пердика ПРВИ 700-678 п.н.е
Аргoј ПРВИ 678-640 п.н.е
Филип ПРВИ 640-602 п.н.е
Аероп ПРВИ 602-576 п.н.е
Алкет ПРВИ 576-547 п.н.е
Аминта ПРВИ 547-498 п.н.е
Александар ПРВИ 498-454 п.н.е
Алкет ВТОРИ 454-448 п.н.е
Пердика ВТОРИ 448-413 п.н.е
Архелaј 413-399 п.н.е
Кратер 399 п.н.е
Орест 399-396 п.н.е
Архелај ВТОРИ 3 96-393 п.н.е
Аминта ВТОРИ 393 п.н.е
Павзаниј 393 п.н.е
Аминта ТРЕТИ 393 п.н.е
Аргoј ВТОРИ 393-392 п.н.е
Аминта ТРЕТИ (повторно назначен) 392-370 п.н.е
Александар ВТОРИ 370-368 п.н.е
Птоломеј ПРВИ 368-365 п.н.е
Пердика ТРЕТИ 365-359 п.н.е
Аминта ЧЕТВРТИ 359-356 п.н.е
Филип ВТОРИ Македонски 359-336 п.н.е
Александар ТРЕТИ Македонски 336-323 п.н.е
Антипатар, Регент на Македонија 334-319 п.н.е
Филип ТРЕТИ Аридеј 323-317 п.н.е
Александар ЧЕТВРТИ 323-310 п.н.е
Пердика, Регент на Македонија 323-321 п.н.е
Антипатар, Регент на Македонија 321-319 п.н.е
Полиперхон, Регент на Македонија 319-317 п.н.е
Касандар, Регент на Македонија 317-306 п.н.е

Династија Антипатриди
Касандар 306-297 п.н.е
Филип ЧЕТВРТИ 297-296 п.н.е
Александар ПЕТTИ 296-294 п.н.е
Антипатар ВТОРИ 296-294 п.н.е

Династија Антигониди
Деметриј ПРВИ ОПСАДНИКОТ - Полиоркет 294-288 п.н.е
Лизимах (делел со Пир Епирски) 288-281 п.н.е
Пир Епирски (делел со Лизимах) 288-285 п.н.е
Птоломеј ВТОРИ ГРОМ - Керавн 281-279 п.н.е
Мелегар 279 п.н.е
Антипатар ВТОРИ 279 п.н.е
Состен (Командант на војската) 279-277 п.н.е
Антигон ВТОРИ Гонат- ЖЕЛЕЗНА ГЛАВА 277-274 п.н.е
Пир Епирски (повторно назначен) 274-272 п.н.е
Антигон ВТОРИ Гонат - ЖЕЛЕЗНАГЛАВА (повторно назначен) 272-239 п.н.е
Деметриј ВТОРИ 239-229 п.н.е
Антигон ТРЕТИ Досон 229-221 п.н.е
Филип ПЕТTИ 221-179 п.н.е
Персеј 179-168 п.н.е
Во 150 п.н.е човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал престолот на Македонија како Филип ШЕСТИ .Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните.
В О В Е Д
Bо потрага на нашата МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА треба да се разјаснат некои битни работи.
Да се разбереме една многу важна работа АНТИЧКИ ХЕЛЛЕНИ ИЛИ ГРЦИ или држава НЕМА .
ИМЕТО ''Грци'' - GRECI - на народите или екс градовите држави под преминот Термобили им го даваат римјаните после битката на местото ГРЕКО . ЗНАЧИ НИВНОТО ИМЕ И БИЛО НАМЕТНАТО ОД СТРАНА НА РИМЈАНИТЕ.
Греко било едно мало место населено со крадци и измамници . Греко на нивниот јазик значи крадец и измамник.
Кого се формирало првото ГРЧКО КРАЛСТВО за прв пат во историјата?
Според сите записи првото грчко кралство се појавило дури во 1829 под водство на кралот Ото од Вителсбах, принц од Баварија роден во Салзбург нa 1 Јуни 1815, a умрел во Бамберг нa 26 Јули 1867.
Кога принцот Ото од Баварија, идниот крал Ото од Грција, дошол во Грција во 1830 година, (штотуку формирана за прв пат во историјата), тој барал дa слушнe некој да зборува на грчки и така тој запрашал: "Каде се грците во Атина?".
Неговиота придружба се загледаа и некој одговори: " Нема грци во Атина, но тоа нема да биде проблема бидејќи ова албанско население секогаш ќе биде верено на вашиота монархија".
Извадено од записите на Захариас Папантониу, "Кралот Ото".
ГРЦИТЕ пак си го менуваат името во ХЕЛЛАС ИЛИ ЕЛЛАС ....кога сватиле што значи нивното име.
НИКОГАШ ПРЕД 1829 НЕМАЛО ХЕЛЛЕНИ ИЛИ ГРЦИ ИЛИ ХЕЛЛЕНСКА ИЛИ ГРЧКА ДРЖАВА.
Попознати градови држава од времето на 4 век п.н.е кои биле во контакт со Македонците се :
- Теба кој основачи биле феникијците
- Атина кој прво бил пелазгиски град но потоа бил освоен од пирати од Јонија, земја во Мало Азија (сонародници на Атињаните) и нормално тие зборувале различен јазик од пелазгите,..потоа пелазгите од таа зона биле претопени .
- Спарта кој бил оформен од воени ветерани и вечен ривал на Атина и како робови имале пелазги што работеле на полињата за нив.
Другите биле Пелазги како што се Коринт. Додека Етолија, Акаранија, Mолосиja и Тесалија биле монархии и не биле градови држави . Hивните корени се од пелазгиско потекло.
ПЕЛАЗГИ не се ништо друго освен БЕЛЦИ - БЕЛИ ,,.. белиот народ .. ПЕЛА - БЕЛА - ПЕЛАСКИ - ПEЛАЗГИ
Значи: ПЕЛАЗГИ ИЛИ ПЕЛАСКИ (PELAZGIANS) било белото домородно население од јужниот дел на Македонскиот полуостров кој подоцна е преименуван како ''БАЛКАНСКИ ПОЛУОСТРОВ'' како и неговото домородно население што повеќе пати било пробано да се преименува и асимилира низ векови па и се до ден денешен.
Благодарејки на историчарот ДИОДОР СЕКУЛ денес ние со сигорност знаеме дека МАКЕДОНСКИОТ АНТИИЧКИ ЈАЗИК НЕ БИЛ РАЗЛИЧЕН ОД ДЕНЕШНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и можеме да дознаеме како се викале македонските коњаници – тоа е само еден пример од многуте,...
од записот : Битката на ХЕРОНЕЈА:
''И сега Александар, во срцето решен да
покаже колку е вреден, жеден за победа
верно проследен од своите другари >>>>[hetairoi] <<<<<- >>>>ЧЕТА ХЕРОИ <<<<<<- , прв успеа
да ја пробие цврстата одбрамбена линиjа
убивајќи многу од нив, навлегувајќи длабоко во непријателските линии пред него. Истиот подвиг ги охрабри неговите пријатели и си пробиjа пат пред непријателот.''
Значи другарите на АЛЕКСАНДАР ги нарекува: [hetairoi] .... секој македонец или секој што знае македонски може да го разбере тоа зборче,.. отценете вие.
[1] Античко-македонскиот јазик Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од тебаните, атињаните , спартаните и останатите соседни народи. HO Акаранците, Македонците и Етолците говореле един ист јазик и БИЛЕ Пелазги - БЕЛИТЕ - БЕЛЦИ . Pимскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле един ист јазик, различен од атињаните и останатите соседни народи.
[2] Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).
[3] Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Македонски, Плутарх, пишува дека Александар Македонски ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51). Mакедонските војници Александар Македонски го поздравувале на македонски јазик (Евмен, стр. 14).
[4] Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: Владетелот најпрво го погледна Филота и рече: Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат. Потоа, Владетелот рече:Гледате ли, Филота си го мрази татковиот јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус, VI, c.36).
[5] Македонската и атинската раса , cамите античкo - атински историчари ги представуваат како две различни раси (Ариан - атински Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и атинска (сега веќе грчка) раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44) .
[6] Потеклото на античките Македонци aнтичките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкиот македонски народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужениот Македонски Полуостров ( Балкан). Gnaeus Pompeius Trogus - Трог Помпеј еден од најголемите експерти по античко македонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога античките Македонци биле поробени од Римјаните, вели ;Македонците се пелазгиски производ (Justin. VII, 1, 3).
[7] Најголемиот античко - атински географ Страбос- Στράβων (63/64 г.п.н.е. -- 24 н.е), пишува дека Тесалија земја помеѓу античка Македонија и Беотиа е населена со Пелазги..... и тоа во првиот век од нашата ера (Страбо, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со атинци , туку со Пелазги - свои сонародници .
[8] Херодот, античко - јонски историчар пак пишува дека порано и цела Атика била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Јонците во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Пелопонез, но се` уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-5😎, кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија.
[9] На Пелопонезот сепак останале Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Македонија, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Titus Livius, книга XXX, стр. 29)
[10] Диодорус го пишува следното : ''Кадмус (кој бил феникиец и основач на Теба) , го донел феникиското писмо во ЈОНИЈА - земја во Мало Азија (сонародници на Атињаните) , кои јонци го применуваат тоа писмо и додаваат 5 нови додатни знаци . (110 III p.305). Кадмусовата палата во Теба е откриена и потекнува од времето околу 1400. г. п.н.е. или нешто по касно .
АНТИЧКАТА ЈОНСКА ПИСMЕНОСТ НЕ Е ПОСТАРА ОД 800 г. п.н.е.
Додека Феникијците го преземаат писмото на народот од Илион (Tроја), а народот од Илион (Bенетите) е од македонско потекло.
Значи писмото е македонско
[11] Еден натпис споменат од Дидим ни открива дека на крајот на 345-та г. п.н.е. жителите на Месена и на Мегалополис побарале да бидат примани во Амфиктионијата - градови држави кои биле панхеленска организација. Амфиктионијата, организирана од 7 градови држави: Ермиони, Епидаур, Егина, Прасиес, Атина, Нафпли е Орxоменос, еден таков развој би ја намалил нивната важност, (во 1830 од тие територии било формирано првото грчко кралство ) тие се судриле со одбивање, бидејки не биле сметани за xеленски градови држави. Значи само тие 7 градови самите себеси се сметале како ''xелени'' другите не биле и е погрешно да се нарекуваат или сметаат како такви.
Институции
Политичката огранизација на Македонскота држава наликувало на пирамида со три нивоа: на врвот биле владетелот - ВАСИЛЕОС - ΒΑΣΙΛΕΩΣ и народот, при основата биле државните служби, а по средината биле покраините , над чие заедништво владеел владетелот.
Македонците се до падот под римско робство имаат како уредување монархија. Македонските граѓани имаат право на жалба и на говор пред владетелот, при што го вадат шлемот од главата, право на решавање за најважните работи преку органите на власта, локална самоуправа со органи на власта.
Владетелот немал право да казни Македонец со смртна казна без судење.
Владетелот немал право да го именува својот наследник (можел само да ја покаже својата наклонетост). Според правилото на првородениот владетелски син за наследување на престолот, наследникот, се подразбира, ако одговарал во психофизичка смисла, бил прогласуван од македонското собрание. Во случај на малолетност на наследникот се одредувал регент = старател најчесто од членовите на владетелската куќа, а во тешхи ситуации власта ; можела да му припадне на член од најтесното семејсгво (брат или чичко). Таков е случајот со доаѓањето на власт на ФИЛП ВТОРИ а веројатно за тоа решиле македонските првенци
ВЛАДЕТЕЛОТ бил глава на централната администрација: тој ја водел државата од престолнината прво Егеа а потоа Пела и државната ризница се наоѓала во неговиот дворец. ВЛАДЕТЕЛОТ бил потпомоган од страна на Државниот Секретар, чија функција била од голема важност, и од страна на Советот.
ВЛАДЕТЕЛОТ бил врховен водач на војската, глава на македонската религија, управувал со дипломатијата (само тој можел да склучува меѓународни договори) и само тој го имал правото на издавање на пари.
Бројот на државните службеници бил ограничен: владетелот управувал на индиректен начин, главно преку локалните управители, епистатите со кои одржувал редовни контакти.
Наследување
Наследништвото на престолот во Македонија завземало облик на најстари машки наследници. Исто така постоел и изборен елемент: кога Владетелот умирал, назначениот престолонаследник, генерално, но не секогаш неговиот насјтар син, морал најпрвин да биде прифатен од страна на Советот и потоа представен пред генералното Собрание за да биде прогласен за Владетел и да се заколне на верност.
Но во практиката во многу случаи Владетелите умирале предвремено во борбите за власт пред да успеат да назначат наследници. Ова е случај со Пердика ТРЕТИ кој бил убиен од илирите, Филип ВТОРИ Македонски, кој бил убиен од атентаторот Павзаниј, Александар Македонски и тн. Ваквите кризи за наследноста биле чести до 4 век п.н.е., кога магнатите од Горна Македонија сеуште култивирале амбиции за елиминација на Аргеадите и преземање на престолот.
Дека Македонците го избирале владетелот се гледа и од молитвата - желба на Александар Македонски:
''' Македонците нека изберат владетелот, владетелот нека ја зачува државата на
Македонците со владетелот
нека ги прават вообичаените обреди за Аргеадите"
По смртта пак на владетелот неговите инсигнии: дијадемата, облеката за крунисување, печатот и оружјето биле ставани на престолот од каде ги земал новоизбраниот владетел.
Финансии
Владетелот бил заштитник и администратор на македонската ризница и државните приходи кои му припаѓале на македонскиот народ: даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за владетелот. Дури ако владетелот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира: на пример Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е., Александар морал да ги прикаже сметките од неговото наследство при смртта на неговиот татко за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба.
Од Ливиј и Полибиј знаеме дека државата се снабдувала со финансии од следниве извори:
- Рудниците за злато и сребро (како Пангај - Пајак планина), на пример, кои биле во сопственост на Владетелот и од чија руда се правеле парите.
- Правата за ковање на поситни пари од бронза и сл. потоа се предавале на регионалните власти.
Шумите,чие дрво било високо ценето од страна на атињаните за бродоградба: Атина склучувала трговски договори со Македонија во 5 век п.н.е. за увоз на дрво за бродоградба.
Владетелските поседи кои биле земја здобиена по пат на освојување и била исползувана директно или со помош на работната сила на воeни затвореници, како и индиректно преку даночен систем.
- Царина на пристаништата која се однесувала на трговијата (давачки за увоз и извоз).
Најчестиот извор на приход било давањето под наем: Аминта ТРЕТИ (или можеби Филип ВТОРИ) ги удвоил пригодите на пристаништата со помош на Калистрат, кој избегал во Македонија и донел 20 до 40 теленти за една година. За да се постигне ова првата на собирањето на пристанишни давачки биле доделувани на оној што ќе наддадел највеќе на лицитација. Ливиј кажува дека рудниците и шумите исто така се давале под наем.
Со исклучок на поседите на Владетелот, земјата во Македонија била бесплатна: сите македонци биле слободни граѓани и никој не плаќал давачки никому за користење на туѓа земја. Дури и даноците во кризни ситуации кои биле нормални насекаде не постоеле во Македонија. На пример економските кризи на Александар Македонски во 334 п.н.е. и Персеј во 168 п.н.е. не резултирале со воведување на данок, туку кризите се решавале по пат на заеми или покачување на наемнини.
Владетелот исто така повремено ослободувал некои луѓе од било какви давачки како на пример во случајот на семејствата на загинатите борци во битката кај Граник во Мај 334 год. п.н.е. кои биле ослободени од плаќање наемнина за користење на имотот на владетелот, како и други стопански давачки.
Македонското собрание
Другата функција на Македонското собрание била судската власт за престапи што се казнуваат со смртна казна, при што најблиските на осудениот имале иста судбина . Притоа владетелот имал улога на јавен обвинител и го водел судењето, ма обвинетиот сам се бранел. Казната најчесто се состоела во каменување.
Mакедонското собрание не ја ограничувало власта на владетелот.
Македонското собрание во водење на надворешната политика
Еден од малубројните податоци е случајот со Еурипид: македонското собрание едногласно го одбило барањето на Атинците да им биде дадено телото на Еурипид кој пресгојувал во Македонија (408 - 406), умрел и бил закопан во Аретхоуса, а другиот е отфрлањето на плановите по смртта на Александар 323та. Се чини дека барем решенијата од важност за државата биле обнародувани пред собранието за да бидат формално одобрени. Владетелот или пак негов претставник го свикувал собранието. Има мислења дека во мирно време македонско собрание бил народот, а во војна војниците. Меѓутоа се знае дека при прогласувањето на владетелот на Македонците удирале со копјата по штитовите, а смртната казна освен со каменување ја извршувале со копјата, што покажува дека членови биле само оние што имале право да носат оружје односно што имале граѓанско право, та затоа во изворите се нарекуваат граѓани војници.
Освен македонското собрание се споменуват и други органи како што е ''Советот на тагоси'' познат од изворите (Хесѕцхиос, тагонага: МакебоуисгЌ е посведочен и на еден натпис од Леукадиа (Голишани) , тагоси се познати само во Тесалија и тоа како сојузни магистрати. Тоа укажува дека станува збор за македонско влијание во Тесалија, што била под македонски протекторат уште од времето на Архелај (413399 год.), а од 352та год. ст.е. под власта на Филип, од што произлегува дека овој совет во Македонија бил државен, а не локален. Советници на владетелот најрано се спомнуваат во легендата за потеклото на династијата Аргеади при што Херодот го користи неутралниот термин паредрос - придружник. Некои мислат дека станува збор за совет на старци, што го поткрепуваат со натписот со текст на договорот меѓу Атина и Пердика ВТОРИ каде покрај името на владетелот и на членовите од најтесното семејство се спомнуваат и некои магистрати, според дополнувањето на Едсон - геронти, а не архонти.
Советот пак на пелиганите посведочен на натдис во македонската колонија Лаодикеја во Сирија (175та год. сг.е.),31 а во Селеукија на реката Тигар спомнат од Полибиј и двете основани по походот на Александар Македонски на Истокот, покажува дека овој по се изгледа градски совет, во Македонија го имало и во времето на Аргеадите.
Прогласувањето на кралот од Собранието значело дека Македонците своеволно ја прифаќаат владетелската власт, но дека ги задржуваат своите права: обраќање до владетелот, право на апелација,право да решаваат заодредени работи.
Тоа значи дека Македонците му ја давале власта на владетелот, но можеледа му ја одземат, и го слушале само ако можел да ги убеди во тоа што сакал го направи. Меѓутоа не е забележано колнење на верност и почитување на законите меѓу владетелот и народот како во Епир (Плут, Пѕррх, 5). Македонците, во изворите никогаш не се нарекуваат поданици. Напротив на натписите за меѓународните договори Македонците фигурираат заедно со владетелот на Македонците им се дадени двата гласа во Дел�