Кумеее ти прегоре ќесето [МЗИ]

Day 2,881, 03:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Добар ви ден народе.

После неколкумесечна пауза еве ме мене повторно како дел од моето омилено катче на играва.

Иако горе/долу сте запознаени со случувањата претходниов период сепак би сакал дополнително да ви укажам на одредени ситници кои не направија ПОБЕДНИЦИ.

Нашето патешествие таму беше платено од трета страна така да не изгубивме ништо на тој план. Едина грешка според мене беше слетување во Јужните делови на Канада наместо во Северните но од денешен агол тоа спаѓа во категорија што би ако би, така да не вреди да се трошат зборови околу тоа.




Што се случуваше претходниве неколку денови?

Крвосерење од страна на кутрите Амери кои не знаеа што да прават со нас. Паднаа толку ниско што дури пишаа и статија каде не обвинуваа дека ние сме биле агресори и причина за војната со нив (статија што ако сум добар со памтење ја избришаа оти ги подбраа за резилската статија), а сите добро знаеме кој прв пушти НЕ.

Ни закачија и АС од Аргентина што само дополнително ни ја зголемува цената во очите на светот. Малата Македонија со 25к дневен приход е преголем залак за Америка со преку 150к дневен прилив да се справи.

На крајот епилогот го знаете. Ни ги удрија клоците но оставивме трага која ќе ја паметат и се надевам дека во иднина не би се осмелиле да тргнат на нас зошто тоа скапо ги чини. Ма прескапо.

Имено, ние во текот на војната со Америте и востанијата во Канада потрошивме нешто повеќе од 2 милиони денари. А тие? Нивните трошоци се сведуваат на приближно НЕВЕРОЈАТНИ 20 МИЛИОНИ. Треба да си тежок идиот за да фрлаш толку огромни средства и на крај да ги добиваш тесно битките.

Ги донесовме до питачки стап, иако знаеме со што тие се располагаат, НО најбитно од се е дека делата ќе се паметат како навидувам малата Балканска држава им го изгоре ќесето на Америте.




Која беше причината за успехот?

Огромната помош што ја добивме од сојузниците и пријателите, а пред се несмеам да ги изоставам дечките од Д1/Д2/Д3 кои гинеа до последно чоколадо и тенк.

СЕКОЈА ВИ ЧЕСТ МОМЦИ СО ДОСЕГАШНИТЕ ЗАЛАГАЊА НИЕ СТАНАВМЕ СУПЕР СИЛА ВО МАЛИТЕ ДИВИЗИИ ПРЕД СЕ ВО Д3.





ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА.

Во следнииот период се планира да се кренат даноците (за што веќе е во тек законот) и малце да си ги залечиме воените рани. Доколку во некој момент ви затребаат војни, сетете се дека Ноември доаѓа, блиску е, доколку не се продолжи НАПот ќе имате каде да пукате цела година.

Ќе се фокусираме на сојузниците, кои ги имаше доста на наша страна треба да им се одоолжиме за утре да имаме лице да побараме помош.

Од мене толку.

До некое наредно читање останете ми во добро здравје.

Министер за Информирање

akconel