Прво Претседателско Обраќање {Сантино}

Day 2,785, 14:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Почитувани Македонци и Македонки

Пред се,сакам да им се заблагодарам на сите кои го дадоа гласот за мене со тоа што конечно ми овозможиа да имам шанса да го сменам сето она кое што досега сум мислел дека е неисправно и дека може и подобро,ви благодарам.

Како што пишав во мојата кандидатура овој месец ќе дадам се од себе за позитивна промена,
наредниве денови ќе дадам максимални напори да дојдеме до МПП со Србија,тоа е моќна држава која има голем дел од својот народ кој сака да е со нас,гледам големи шанси тоа да се оствари.

Искрено се надевам на продолжување на соработката со Бугарија,минатиот месец дадоа преголем влог во нас и огромна помош како на воено поле така и финансиски,и мислам дека заедно понатаму ќе се потрудиме обострано да го зачуваме ова братско пријателство.

На воено поле ќе ве замолам да бидете што е можно дисциплинирани,да следите наредби..бидејќи ова е еден доста значаен месец за нас во кој заедно ќе мораме да дадеме максимум од себе.


Овој месец е еден од најтешките во годината каде што сите се по одмори и значително сме ослабени на воено поле,јас ќе направам се што е во моја моќ да направам најдобра организација...

Ќе ве замолам овој месец додека ми трае мандатов да се воздржите од секаков вид на тролање и вреѓање,во вакво време и ваква ситуација секој може да ни биде пријател,како поединец или држава.

Мое е да си го исполнам она што вам ви го ветив,ваше е да го почитувате мојот збор,да пратите наредби и да се воздржиме сите од тролање и вреѓање...доколку не ја добијам вашата послушност нема да имам никаков резултат.




Ви благодарам уште еднаш!
Mr.Santino


за шут:

Прво Претседателско Обраќање {Сантино}
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2536257/1/20