ИЛИЈАДА- ФАЛСИФИКАТ

Day 2,761, 15:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Viktorija Acevska

ПРЕДГОВОР

Јас, Ристо Ивановски, како Битолчанец- Баирчанец, ништо не можев да на-
учам за македонската историја, затоашто нас не ни беше дозволено за неа да учиме.
Следи јас за Илинденско востание да го запрашувам еден наш помлад Илин-
денец со потекло од с.Смилево-тој беше мој сосед од нашата маала Арапска чешма.
Во баирското осмогодишно училиште „Тодор Ангеловски“ ние имавме учи-
тел по историја. Тој ни велеше, „оваа не е македонска историја“. Македонска исто-
рија била само Солунските Браќа и нивните учители. Тој не предупредуваше, секој
оној кој за нив нема да знае, тој нема да премини- како него имало многу патриоти.
Историчарите на Н.Р. Македонија припремиле книга за македонски револу-
ционери. Меѓутоа, таа била попречувана да излезе од печат. Конечно таа од печат
излезе. Учителот на рече дека секој неа мора да ја купи. Ние ја купивме- таа беше
преполна со личности. Ние бевме изненадени дека,за грев, ние ништо не сме учеле.
Учев две години во дванаесеттата класа во војното Морнаро-техничко помо-
рско училиште во Пула- Хрватска. Бев изненаден, дека учениците од другите репу-
блики многу си знаеле за својата национална историја, но не само ние Македон-
чињата. Кога некој ќе не запрашаше за македонската историја, ние ништо за неа не
знаевме оти ја учевме само српската. Следи ние одговаравме со собирање рамења.
Како незадоволен Македонец се вратив во својата Битола. Завршив средно
Земјоделско училиште- Битола, со име Борис Кидрич, а не на македонска личност.
Како сточар продолжив Земјоделски факултет- Скопје. Со домашните живо-
тни увидов дека Европа била населена со Балканци само со балкански домашни
животни. Па следи Европјаните биле само Балканци- Словените биле/се само лага.
Во Скопје професор ми беше братот на Тодор Ангеловски. Тој ме засака и
редовно го запрашував за неговиот брат. Исто така, професор ми беше Велешанец-
другар на Кочо Рацин. За него стално говоревме.За мене,К.Рацин бил убие од 1-2 м.
Како основец од целото одделение имав најдобар состав за Тутуноберачите.
Како најдобар студент, по најтешките предмети, бев испратен во Германија,
а професорот на Факултетот со директорот на Институтот во Германија биле прија-
тели. Директорот, кој потоа беше наименуван како претседател, а и професор во
Универзитетот за земјоделски науки- Виена, многи ја сакаше Македонија. Кога тој
нешто ќе ме прашаше за македонската историја јаз знаев само она што сум го учел-
друго ништо. Следи мој одговор беше само со собирање на рамења- ништо повеќе.
Секоја недела имаше столбец во германските весници дека Бугарите не ги
признаваат Македонците- овие биле Бугари. Еден ден претседателот-професорот
ме запраша: „Колега Ристо дали во Бугарија има Бугари“. Јас си велам, што му те-
кна и на овој човек, со нас да си игра мајтап. Тој го повтори прашањето. Јас одго-
ворив како Македонец- со собирање на рамењата. Тогаш тој ми рече- „Колега Ри-
сто убаво ме разбра. Ако нешто се негира, се негира само со молчење. А ова што го
прават Бугарите не е негирање, туку популаризирање. Па колега, Ристо, Вас Маке-
донците никој не ве познаваше. Благодарејќи на Бугарите Вие станавме најпопу-
ларни. Ова говори, во Бугарија нема Бугари, туку Бугарите биле само Македонци“.
Бидејќи во Земјоделски факултет- Скопје учевме многу малку, јас бев при-
нуден да се доусовршам за сточарство со генетика, исхрана... основа за историја.
За да се прекини да се одговара само со собирање на рамења,се продолжува:


4
ИЗВОРИ И ИСТОЧНИЦИ

Милан Будимир,
1
во насловот Извори и источници, пиши: „Ме прашуваат
зошто кажувам ‘балкански источници’, а не ‘балкански извори’, и мислат дека из-
разот ‘источници’ застарел и прилично непознат, те дека затоа би било подобро да
кажам ‘извори’. Ама, има разлика измеѓу тие два термини. Историчарите, и кај нас
и на страна, ја собираат така виканата историска граѓа, која обично објавува под
насловот извори (fontes). Така имаме извори и за нашата историја, како и за поеди-
ни историски гранки. Тоа обично се мисли на сè она што е напишано за некој на-
стан, оти- како кажуваат претставниците на правно- историската школа- што не е
ни хартија, го нема ни на светот (Quod non est in charta, non est in mundo).
Со среќа, сите историчари не кажуваат така. Михаил Ростоцев, кој- како што
признаваат и Германите: - со своите трудови од областа на историјата го надминал
и самиот Теодор Момзен, разликува повеќе видови историски извори. За него на
прво место се споменици на материјалната култура (како граѓевини, патишта итн.),
потоа епиграфски споменици и нумизматични легенди, а тек тогаш извори и фра-
гменти од самите антички историчари. На овој трипартитен зборник на историски
извори би додал уште еден, кој не го споменува ни Ростоцев ни останатите исто-
ричари: мислам на непишани извори кои ни пружаат остатоци на културните ре-
чници, заправо на збирка на зборови кои упорно патуваат во епохата и од еден на-
род на друг. Овие непомитливи сведоци пружаат мошне важни искази за културно-
историските процеси, дури и оние од давните времиња, па нивната вредност не
смее никако да се занемари. За нивното правилно толкување е потребна поуздана
историска лингвистика.
Германскиот професор, др Мартин Лутер, дигнал првите децении на XVI в.
буна против римско- католичката латинштина и хегемонија, и тоа заправо во време
кога од Балканот и од Белград османлиските освојувачи се движеле на запад и це-
нтрална Европа.Лутер тогаш на своите ученици им довикнал ‘Ad fontes !’, мислејќи
дека латински Рим добива снага од грчките извори на Балканот, каде, сосема пра-
вилно, се барал почетокот на европската култура. Лутеровиот повик ‘На извори !’
би можел ипак да се преведе и со синонимот ‘На источници !’, иако Лутер и него-
вите последници мислеле во прв ред на православните народи, балканските и исто-
чно европските, кои намерувале да ги придобијат за сојузници во својот поход про-
тив римскиот самодржец. Па ипак, сматраме дека балканските источници и за про-
тестантските Европјани, нешто помалку но за православните, играле пресудна уло-
га во новиот хуманизам на Вилхем Хумболт, Ернест Ренан и на ним сродни под-
вижувачи кои воспоставиле слобода на личноста, непозната на стариот Исток и во
католичка Европа.
Во оваа книга не ќе биде говор за историските извори, малку- повеќе по-
знати на секој стручњак, оти нивното кажување има одредена и временска ограни-
чена вредност. Источниците, меѓутоа, се извори на повисок ред, чија докажана моќ
така да се рече е непресушна и чие сведочење уште стално го слушаме, па и го про-
веруваме. Такви источници има на Балкано најповеќе. Ќе се трудиме, на главните
да укажиме и да ги сослушаме“.
Следи Балканот бил најстар-изворен, па од него се населувала цела Европа.

1
Милан Будимир, Са Балкансаких источника, Српска књижевна задруга, Белград, 1969- Интернет.


5


Најблиски примери во тој правец се најдуваат во културниот речник, а по-
готово во техничката терминологија. Ние такви источници секој ден користиме,
иако не им даваме секогаш иста вредност и иста содржина. Најобичен пример е из-
разот школа, кој го најдуваме во сите европски јазици (во тие спаѓа и унгарски, кој
е угрофински, а не индоевропски дијалект). Зборот школа тргнал од јужниот Бал-
кан на своето културно патување пред повеќе од дваесет векови и оставил трага сè
до ден денешен. Со овој источник на старобалканската култура тргнале на сите че-
тири страни на светот и други термини од таа школа, како граматика, математика,
физика, музика (во Шпанија се кажува, сосема правилно (мусика), катедра, библио-
тека, потоа драма, трагедија, комедија, стих, лирика, еп, елегија, тон, симфонија,
хармонија.
Некои сведоци од овие источници дошле во европски речник посредно по
пат, преку латинските посредници: архитект, метрика, поети.
Овие се само непосредни сведоци, кои многу не го измениле својот првоби-
тен облик, ама нашиот збор потес, кој го бележи Вук, не е ништо друго туку грчки-
от υποθεσις. Така пастирскиот термин ливада всушност грчки акузатив λιβαδα, а
авлија грчко αυλη, кое од грчкиот источник го добивме преку турскиот посредник.
Истиот посредник ни го дал и канун, кој одговара на класичниот термин канон“.
Ништо немало грчко, ниту турско, оти двете биле варварски=пелазгиски,
кои немаат ништо со јазикот на темните раси: Црнци, Индијци и Монголи.
„Разноликото дејство на старобалканските источници се огледа и во изгра-
дување на она што се вика европски менталитет. На тоа укажал на овој век фран-
цускиот лингвист А. Меје. Во таа категорија спаѓаат преведените изрази појмити и
сфатити, према грчкото καταλαµβανω, чиј превод гласи comprehendo, исто како и
совест- συνεδεσις- conscientia- гер. Gewissen- унг. Öntudas. Уште попоучна е лекси-
чката група која ја чини κρατος- држава, κρατειν- држење, αυτοκρατωρ- самодржец,
δηµοκρατια- res publica- народна држава. За ред треба да се спомени дека Европа од
грчките Балканци го презела и терминот полиција- πολιτεια. Старите хрватски фи-
лозофи го превеле терминот граматика, па кажувале словница. Еднакво постапиле
со терминот философија, па така философни факултет го назвале мудросни“.
Грчки народ никогаш немало, а тн.грчки јазик коине бил само Александриј-
ски Птоломејов јазик, кој бил дворасен јазик на Белци (Пелазги) и Црнци (Семити).
„Во тој правец најдалеку отишол Бохуслав Шулек, кој хемискиот термин хи-
дрогенхипероксид го превел со водикопријекиселиш и уште повеќе во тој смисол.
Од вакви преводи останале само уште некои примерци, кои не ќе биде лесно да се
напуштат, ама и такви сведоци, се разбира, не се на одмет.
Стопанскиот термин, наша стока и бугарски добиток не се ништо друго туку
буквален превод на грчкиот оригинал κτηνοω (стечено). Тоа значи дека грчкиот
источник го зафатил и економскиот речник на балканските народи, во прв ред ва-
зда на покретните пастири, кои се движат измеѓу планинските пасишта и примо-
рските зимовници. На нивна врска со грчките сточари укажува не само терминот
ливада, туку и дипла и двојници, а веројатно и фрула.
Старобалканската медицина, исто како и школа, тргнала на културни пату-
вања во разни правци. Така многу ботанички називи со кои се служат и нешколова-
ни луѓе е буквален превод на грчкиот оригинал: сонцеглед- hēliótropos (унгарски
napraforgó), невен- amarantos. Од друга страна, крупен термин од црковната терми-


PRODOLZUVA UTRE...