Можеме, ама дали сакаме?

Day 2,712, 05:18 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани,

Би сакал да направам краток преглед во поглед на економското прашање во еМакедонија.

Неколку дена имаме слободни оригинални региони и активна војна со грците, што значи зголемена потрошувачка,производство и одтаму зголемен прилив на средства во државната каса...100% слевање во наш џеб.




Погоре во сликата можете да погледнете и самите колку е зголемен приходот од даноци во последниве 2-3 дена. Со самиот факт што поставивме диктатор, механизмите на играта овозможуваат да диктаторот може да ги покачи даноците и се додека имаме слободни оригинални територии да успееме да присобереме пари барем за МПП.

По постови и на кружна порака апелирав да се посвети внимание на тој сегмент, бидејќи за успешна држава од фундаментално значење е економскиот аспект од играва да биде на што е можно повисоко ниво.


Последните денови со 1% данок на сите операции во економскиот модул, ние упсеавме да собереме рекордни за нас 4 000 МКД , што значи ако би ги дигнале даноците на неколку проценти повеќе ( да речеме 20😵 ние би можеле да собереме за само 1 ден 80 0000МКД а кога би потрајале неколку дена нашиве оригинални територии таа бројка би била многу поголема. Значи секој македониц со македонско државјанство за само неколку дена би придонел огромна помош за државата.

За жал закон за зголемување на даноците беше пуштен од диктаторот персеј, меѓутоа нејасно е зошто истиот не е изгласа, претпоставувам од страна на Фантомот при негово преземање на функцијата?



Никој не може да ни наштети онолку колку што самите тоа си го правиме, дали од суета или од инает или просто од не мислење.

Поздрав другари и дајте бре да ја одбраниме Македонија барем денес, да се види дека не сме отпишани!

Со памет и среќа НАПРЕД !