Диктатори, диктатори насекаде[МзИ]

Day 2,674, 01:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво еМакедонијо!

Одамна се немаме јавено од весников па време е да скоцкаме една статиичка иако нема немои големи турбуленции на еСветско ниво.
Разговаравме со Унгарците да го обновиме нашето МПП после толку долго време. Договорено е, така да очекуваме да биде прифатено МППто, барем така ни кажа еУнгарскиот претседател.

Линк и линк до законите.



Моментално во еСветов од вкупно 74 земји, од кои 40 се потчинети на диктатори. Голем дел од тие т.н. “диктатори” се всушност превентива да не дојде некоја Виза клиентела отстрана и да го преземе водењето на еДржавата. Трико веќе го проба тоа во еСрбија ама не успеа, а последен и актуелен е обидот на терористите да го симнат од власт Колонел Брус во еСловенија, што исто така беше уште еден неуспешен обид. Тука може да прочитате повеќе.
Истото може да ни се случи и нам во истиот момент кога ќе ослободиме регион т.е. кога они ќе си ресетираат бонуси. А веќе постои и единица за таа намена .

Нашиот јужен сосед доби диктатор во права смисла на зборот. Имаа големи внатрешни проблеми во текот на целиот период кој го поминаа во Астерија. Нормално откако терористите успејаа да го заземат тронот, веднаш пуштија закон за излез од алијансата. Имаме неофицијален податок дека се крчка нов сојуз со јужниот сосед во јадрото, меѓутоа сега за сега тоа останува само гласина.

Во еЧиле немам видено поголема неактивност. Се потрошија парите, нема веќе за КО и никој не пука. Статиите во топ5 им се која од која подепресивни.
Спротивно на еЧиле, во еБугарија се сите политички активирани. Имаа референдум, решаваа на кој начин е најдобро да ја избираат владејачката гарнитура сосе “диктаторот.”
Ќе ги искористат механизмите на играта и на секој 5ти во месецот ќе бираат диктатор преку претседателските избори. Конгресот го подминуваат бидејќи бил неактивен последниве неколку месеци и ќе создадат Консултативен Совет кој ќе се состои од командирите на топ10 единиците во еБугарија.
Тука за подетално инфо.



еИрска има тренинг војна со еСАД. Бидејќи нема битни големи војни во еСветот, еИрската влада сака да ги сочува активни нејзините играчи и поради тоа договорено е сите директни војни меѓу нив да ги победува еСАД, а преку востанија да си ги враќаат регионите, така воедно го бркаат и ФФ медалчето.
Инфо тука .

еРусија исто така е во хаос поради новиот диктатор. Никот му бил со име од друга игра, го сменил. Почнал да оперира со орговите. Има пуштено неколку луди закони : мир со еРусија, трговско ембарго со еСАД, НЕ на еРоманија, напуштање на Пацифика, МПП со еСрбија (којшто беше изгласан едногласно 48:0 од страна на Србите). Инфо !

Ситуацијата во еСрбија, напната како и секогаш. Моментално го изоставија МППто со Аргентина за да помине Аргентина низ Нов Зеланд без да ги фрлат залудно тие 20к. Ќе го обноват откако Аргентина ќе ја заврши турнејата таму. 😃

Тоа би било се сега за сега.

Пукајте за сојузниците и избегнувајте провокативни коментари 🙂

Министерство за Информирање