Свирка на ПиФце + Собиранка

Day 2,667, 13:58 Published in North Macedonia North Macedonia by GoodBeer
Здраво на сите !

Како сте ? Добри ? Се досадувате по играта ? Плато ве стави во минус ? Ве тролал некој "патриот" ? А сакате македонска музика? Музика што не е турбо фолк, што не е народно ? Музика како Ареа, Дани , Маја , Нокаут , Игор некој постар евергрин преработен во блага рок верзија со добра скара и пифце и јас на бас гитара со мојот бенд, повторно на петок 13 со почеток во 21:00ч во Роад Хаус ( Кука покрај патот ) одма до Вулкан во Скопје. МАПА
Поканети се сите ерепубликанци, тролери, гребадори, платеници, ајдуци, хуманитарци, тенкаши и "патриоти" да излезат заедно и да се дружат со една единствена цел. Забава.

За подетални информации следете го евентот овде и нашата Официјална страна ( може по еден лајк)

Со секое присуство имате 5 голд + највеселиот ерепубликанец награда од 10 голд .

Ве молам сите што ќе присуствувате пишете ми приватна порака за да знам за колку луѓе да резервирам.

Се гледаме в'петок ! о7