Приказна за гравот!

Day 2,666, 14:56 Published in North Macedonia Argentina by Tvrdokorniot

Еден ден запознав еден прекрасен господин и се заљубив. Кога стана јасно дека ќе се земеме, одлучив да престанам да јадам грав. Неколку месеци подоцна......на мојот роденден, ми се расипа автомобилот додека се враќав дома од работа. Со оглед на тоа дека живеев на село, му се јавив на маж ми и му кажав дека ќе доцнам затоа што морам пешки до дома.Одејќи така, по пат наидов на мало кафанче од кое се ширеше мирис на грав и едноставно не можев да одолеам.Бидејќи пред себе имав пат од неколку километри, претпоставив дека по пат ќе се ослободам од сите нус појави. Влегов во кафанчето и за час „средив“ три порции грав. Кога продолжив да пешачам се потрудив да ги испуштам сите гасови.Кога стигнав дома, сопругот беше среќен што ме гледа и весело ми рече:
„Драга, имам изненадување за вечера!“.
Ми ги врза очите и ме одведе до масата.Седнав, и токму кога сакаше да ми го тргне превезот, заѕвоне телефонот. Ме натера да му ветам дека нема да го тргнам превезот додека не се врати, и отиде да се јави.Гравот кој го изедов се уште работеше во мојот стомак и притисокот стана неподнослив, така што ја искористив приликата додека да се врати маж ми да пуштам еден гас на страна.Не само што беше гласен, туку и смрдеше на ѓубре и твор истовремено. Ја зедов салфетката од масата и жустро ја бркав смрдеата.Потоа се наслонив на другата страна и си пуштив уште три. Смрдеата беше полоша од готвена и отстоена зелка. Решив да го слушам телефонскиот разговор од соседната соба, и си продолжив да си се олеснувам во наредните неколку минути.Задоволството беше неописливо. Кога поздравувањето преку телефонот го означи крајот на мојата слобода, направив уште неколку брзи кружни движења со салфетката за да ја раздувам миризбата, и со чувство на задоволство и олеснување, ја спуштив раката.На лицето сигурно го имав најневиниот израз кога мојот маж се врати и се извини што се задржа толку долго. Ме праша дали сум ѕиркала, но јас го уверив дека не отворив око.Во тој момент, ми го тргна превезот и дванаесет гости кои седеа околу масата во еден глас викнаа:„Среќен роденден!“
А, јас паднав во несвест