Завршна сметка [МЗИ]

Day 2,601, 01:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Најпрвин би сакал да ви ја честитам новата година и Божиќните празници и да ви посакам многу здравје, љубов и среќа да ве следат во текот на целата година.
Како што е редот на крајот на 4тиот мој мандат како министер за информирање треба да се положи завршната сметка пред народот за сработеното во рамките на ова министерство и на целокупната влада.




Ќе се обидам на кратко да ви презентирам што се работеше во овој месец.
Овој месец беше доста интересен, динамичен, позитивен, успешен да не речам совршен за нашата заедница.

Овој мандат започна со сосема различен план и тек на дејствување од тоа како на крајот испадна сосема различен резултат од претходно планираниот. Првично беше планирано пиење утринско кафе во Солун, но благодарение на динамичноста и флексибилноста на сегашната влада тоа не се случи.

Кафето во Солун го оставивме за некои подобри времиња. Малце ни е криво но кога ќе се погледне назад и согледа што успеавме да направиме овој месец воопшто нема потреба да ни биде криво, туку напротив, треба да бидеме задоволни од тоа како работите одеа како што посакувавме.




Се започна со неочекуваниот предлог од Англиската и Хрватската влада за заеднички акции против Бразил и Канада. Туку потполно скршнуваме од планот за кафето во Солун. Потполно се насочивме кон оваа акција, и успеавме да придобиеме нови држави и да покажеме дека сеуште сме конкурентни и вредиме како пријатели на играва. Круна на нашето патешествие на островот беше ослободувањето на Ирска од Кина со што им вративме за нивната пожртвуваност против нашите соседи од југот.




Имаше доста потешкотии за зацврстување на сегашната положба. Моравме да потпишеме НАП со Канада и договор со Ирска и Англија се со цел малце да здивниме и да разгледаме идни опции. Иако многумина сметаа за кукавички договори, сепак како што гледате на крајот испадна дека се постапи правилно и поставивме одлична подлога за конгрес во наредните 2 па можеби и 3 месеци.

Покрај ова, по иницијатива на мене и Фантомот се решивме да се обидеме да издејствуваме договор со нашите соседи од југот. Ова беше примено со негодување и неверување од членовите на владата кои беа против такво нешто, но тоа нас не не поколеба и продолживме да водиме тајни, неформални преговори со нивната влада.

Успеавме да договориме еден устен таен, краткотраен, неформален договор, нешто што беше незамисливо во претходните месеци, кој гласеше вака:

- Ние се обврзуваме да не креваме востанија на нивна територија
- Тие се обврзуваа да не креваат востанија на наша територија

Овој договор првично траеше до 26ти, но по барање на нивната влада се продолжи до 1ви. Разговорите продолжија но за жал на крајот барањето за официјален договор беше одбиено. Битно е што и покрај противењата на нашата владата, двете држави договорот го испочитуваа, што е добар сигнал за во иднина.

Останува уште да ја дозавршиме нашата работа како влада и да ги освоиме преостанатите региони кои Хрватска ни ги ослободува во Канада.




Што понатаму? Тоа го оставам во рацете и вештините на следниот претседател, кој се надевам дека ќе биде посветен и активен како volk1975. Само така сите заедно, сигурен сум дека нема пречка која неможе да се премине.

Засега можам да ви кажам дека не очекува уште поинтересен период во следните недели. Затоа мора да ги дочекаме спремни и нашиот авион мора да биде полн.

СИТЕ ДОНИРАМЕ КОЈ КОЛКУ МОЖЕ ЛЕБ




На крајот ќе ви ги презентирам сите статии кои овој месец беа објавени под капа на ова министерство:

Скок во далечина [МЗИ]

Операција Англиска Кралица [МЗИ]

Пекингшка патка [МЗИ]

Нова Година во Канада [МЗИ]

Јужен, тужен, ружен, дужен [МЗИ]

Специјални потреби [МЗИ]

Нов ранг Легенда [МЗИ]

Профит за државата [МЗИ]

Се надевам дека сте задоволни од тоа како фунционираше ова министерство во текот на моето 4то учество како министер, а доколку следниот претседател повторно ме ангажира јас ќе бидам на располагање и се надевам дека повторно ќе го водам ова министерство како што наликува.

До следно читање останете ми со добро здравје.

Министер за Информирање

akconel

Помошник Министер

Tony Lj Cvetkoski1