Зошто МТО?

Day 2,519, 04:13 Published in North Macedonia North Macedonia by DonMak

Здраво на сите, после долго време се решив да напишам статија!

Зошто јас се одлучив да се придружам во МТО? (пред неколку месеци)

Пред да дојдам во оваа воена единица бев во нашата Македонска Армија поради најголемиот број на играчи во неа но некако ко никој да не се интересираше за никого во оваа единица. Немаше никакви поделби и никаква помош за нас послабите и новите играчи (д1) освен ако некој се смилуваше и ви пратеше голд за да надградите теретани нормално по ваше барање, но во МТО тоа е сосема различно, секој се грижи за секого во оваа едница а најмногу Аминта за сите нас!
Како што знаете МТО имаше најдобра организираност на турнирот Kill Rush од било која единица во нашата држава но тоа не е причината зашто ја пишувам оваа статија.Причината е тоа што за прв пат во мојот еЖивот (сум играл/имал многу акаунти) дојдов до шанса да ги имам сите тренинг центри надградени и да тренирам со договор!



МТО беа тие кои ми помогнаа и кои секогаш ги интересираше статусот на нашите тренинг центри, кој левел се како тренираме и слично. Аминта многу често правеше попис за теретани со кои сакаше да види која ни е со состојбата и лично ни донираше пари за да си ги надградиме теретаните и не советуваше како и што да правиме/тренираме, а еве и една донација која успеав да ја најдам.



Оваа е само дел од помошта која ја пружа МТО на новите играчи но и на постарите во еден збор кажано на сите кој вистински им треба помош!
Со оваа статија сакам јавно да му се заблагодарам на Аминта и на цело МТО за помошта која ни ја пружаат, фала ви МТО фала аминта 🙂

Глас,претплати не ми се битни...

Ви благодарам на сите што одвоивте време да ја прочитате статијата.