Да ја управиме Македонија

Day 2,472, 14:02 Published in North Macedonia North Macedonia by United Macedonia

Изгубивме од Аргентина, го пуштивме востанието а еве сега и направивме грешка со предлогот за природен непријател кон Чиле наместо кон Аргентина - резултатот ќе биде наше бришење и почнување од 0. Причините поради која дојдовме во ваква ситуација има многу, но наместо да бараме виновници подобро е да најдеме решение.. за тоа ја пишувам статијава каде што јас ќе предложам неколку идеи а слободно може и вие да предложите некоја идеа како да се подобриме во иднина.

1. Потпишување на мпп со нови држави и назначување на амбасадори
- Нашиот сојуз Аурора е трет по јачина во играва значително позади Астериа (нашиот непријател) и Сириус така да јасно е што мора прво да направиме - да надополниме колку што можеме од тој минус дел со организација дел со нови сојузници. Пример за надокнадување на тој минус е нашиот сојузник Чиле кој има потпишано со сите појаки членки на Сириус мпп па и со Пацифика (Русија и Сад), затоа прва цел на новиот претседател мора да биде назначување на амбасадори во овие земји кои ќе работат на спријателување со нив што покасно би резултирало со поголема соработка па и мпп зошто да не ? Во посредувањето Чиле може да биде од голема помош зошто имаат моќ да помогнат.

2. Заеднички удар
- Доколку сакаме нови сојузници мора и да се покажеме зошто ништо не се добива туку-така во играва (мора да се заслужи!) затоа пожелно е еднаш дневно сите единици да имаме заеднички удар каде што ќе помагаме на наши пријатели/сојузници. Ако сакаме јака дипломатија мора да имаме и јака војска.. исто мора и да се подобри комуникацијата на релација министерство за одбрана/единици и на единиците со самите членови преку групни пораки каде што ќе се известува за се, за секоја битка - да не се случуваат работи каде што “пуштаме“ востание а уствари веќе водиме 40/50-0 па после да се мачиме да го вртиме истото..

3. Фонд за ослободување
- Да се формира фонд за ослободување кој ќе го раководи некој искусен/докажан играч како лазароса на пример, каде што ќе собираме средства за поставување на CO во ослободителни (наши) битки. Неможе во тек на битка тек тогаш да се собираат пари, мора да има посериозни припреми за важни битки.. отпор мора да се даде подолго време и повеќе денови а не само неколку рунди евентуално 1 битка.

Слободно предложете и некои ваши идеи 🙂


Да ја управиме Македонија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2434538/1/20