За тебе би направил се!!!

Day 2,338, 01:14 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Драги мои пријателчиња и вие помалку драги еве се решив да напишам и јас едно литературно дело инспирисан од поезијата, прозата и остало од нашата мила, драга и позната Таша.
Музичка подлога додека го читате ова високо интелектуално дело измислено од мојот мал мозок.
www.youtube.com/watch?v=iIHymcPR9MU
Читајќи ги нејзините стихови, зборови и реченици се разнежнуев цел по цело тело, на моменти и имав солзи у очиве (плачипич*а да му го опрам), се чуствуев среќно и тужно у исто време (клошар, папучар, мршојадец...), а да не заборавам дека во најголем дел бев и попален, мислиш ќе изгорам (перверзњак и мањак).
Епа ај да не го тупам многу еве го моето долго размислено и осмислено дело. Само незнам у кој вид на литературно дело спаѓа па за тоа вие одлучите.
ЗА ТЕБЕ БИ НАПРАВИЛ СЕ!!!
За тебе мила моја би направил се шо до сега не сум направил! Ти добро знаеш оти ко ќе те видам ми се раздвижуваат сите флуиди у мојот уринарен дел. Кога ќе те замислам срце почнуе да ми вергла ко зарибан мотор од москвич, очиве ми светат ко жмигавци од стар тарбант, телово ми се тресе како кога ќе помине шлепер покрај мене а јас возам лила Тико (нежна боја), а многу често се тресам како кога ќе рашлапаш некоја надарена бразилка по газот па то се таласи ли таласи.
И самата знаеш дека заради тебе од љубов и само љубов добив ишијас кревајќи ги твоите куфери ко ќе одевме на викенд негде или ко ќе ти текне секој други ден да преуредуеш соба.
За тебе мила моја се решив да напишам стихови и да направам се што не сум направил до сега.
За тебе би се бричел секој ден.
За тебе пешки би одел од државна болница до тоа школото а до средно Водно со кола.
За тебе би ги симнал сите ѕвезди што ги имам у другата соба на плафонот кога ќе кречам.
За тебе би го подмачкал стариот кревет да не чкрипи толку ко ќе се валкаме у него, не дека не ми се даваат пари за нов туку многу ми значат моментите поминате на него.
За тебе би почнал да пијам алкохол умерено (не помалку од 15 чаши дневно).
За тебе ќе ја земам пеглата (Полски фиат да не се разбереме погрешно) што ми стои у двор како украс место некое цвеќе или дрво и ќе ја однесам у старо железо, а со парите ќе ти купам нова даска за пеглање специјална за мојот долен веш и чорапи.
За тебе би облекол одело само за да изгледам интелигентно покрај тебе.
За тебе ќе станувам секој четврток на пензионерите у автобус за да седнат ( не за друго туку дека тој ден е студентски и овие мораат да плаќаат карта).
Ова е најголем дел од работите што не сум ги направил за тебе ( за другите 1% не ми текнуе у моментов пошто сум мамурен и имам тешка болест од која пати секој млад мажјак на сабајле такозвана к*родрвица).
За тебе сум решен да направам се!!!