За пијање пијај само умо не си го пијај

Day 2,107, 23:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Ordan Piperkata

Приказни од Џумерко 🙂

Во времето ко шеташе госпо по земја јас не го видов оти по мажи не се пулам,
зато пак ТВ-Скопје работеше со полна пареа па имаше работа и за добри и за лоши глумци.
Мене ми стигна еден хонорар така среден и се думав како да потрошам некоја пара,
отидов под сато прилепски ги собрав сите амали и му велам: другаро Тито вчера отидее во посета на Египет па виe пошто сте потомци на Фараон Рамзес сакам да ве честам,купив кило ракија комојца и две бакси пиво и почна забавата,шишето одеше од рака на рака и потурнувавме со пиво,едното кило ракија се испи па дојде друго баксите пиво исто па дојдоја други,едно џупче околу 15 тина години не пијаааа.па ме кандиса му купив сок.
Ова сето се случуваше во пазарен ден Среда па лујџе врва дофрла се мајтапа,дојдоја и двајца полицајци,во тој период полицијата не прашуваше туку маваше,ме праша еден од полицајците на шо личи ова бе глумец, му велам прослава бе другар полицаец....Другаро Тито денеска е во посета кај другаро Насер и за то прославуваме.
Кај 5 сато заврши пијанката,да имаше пајтон со пајтон че си одев дома па донесоја една амалска количка џупчината и натокмија две ирамчина и една јамболија и ја напрајвме пајтон.То џупчето шо пијаше сок имаше задача да ме носи дома.
Од ко го поминавме уредо тогаш се сетив дека во тој период од левата страна на улицата се седнати мајками Мара,Блага слабата,Цена од Пане и Ката Трпејца,мајками носеше наочари и не гледаше далеку па и рекла на Ката трпејца: Като мори блазесии на таја мајка шо она лајно че и го однеса пијано дома,Ката и рекла : Маро то лајно пијано тебе ти го носа дома во количкана е Џумерко,
Џупчето дојде до порта и ме искипа од количка и си замина.
Мајками одма дојде по мене и вика леле синко за срамота како че се појавам утре на улица,чор пијан те носа и то во џупска количка,а јас и велам Мери не бери гајле добро е шо ме донесоја до дома оти ако си одев пешки можеше да ме изгази камион
Продолжува Утре......

за Шаут :
За пијање пијај,само умо не си го пијај
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2311467/1/20