ВОЈВОДИ ТЕТОВО - ПОМОШ ЗА АНДРЕЈ !!!

Day 2,030, 03:51 Published in North Macedonia North Macedonia by NENODS

Дојде време кога треба да се помогне, да се тргне настрана ривалството и клубските бои.
Навивачката група ВОЈВОДИ во петок и во сабота навечер пред кафичите Републик, Амнезија и Диверсо ке постави кутии со цел собирање на финансиски средства кој ке бидат наменети за Андреј Коруновски ( член на навивачката група Чкембари ) кој боледува од заболување на црниот дроб и потребна му е хитна трансплантација на неговиот Црн дроб, во рок од 6 дена. За таа трансплантација, што треба да се организира во Турција, потребни се 20.000 Евра.
Навивачката група ВОЈВОДИ ги повикува сите Војводи, сите Тетовчани да ја поддржат оваа хумана акција, да ја покажат својата хуманост на дело и да спасат еден млад живот.
Можеби сме ривали и не делат клубските бои, но сепак се браќа по крв и вера и треба да си помагаме.
Со почит ВОЈВОДИ - ТЕТОВО !