АЈ И ЈАС

Day 2,022, 11:34 Published in North Macedonia Switzerland by kocc
Играта нема никаква логика веќе, економија нема, околина позитивна нема, мотивација нема, заебанција нема, нема ништо од тоа што имаше едно време. Правите муабет за една девојка колку била убава а сега е една обична баба, со шамија и збрчкано лице, тое е што беше и што е сега играта. Останаа тешки зависници за кои гонење БХ е како секс со една, а ЦХ каммпања медал као секс у тројка а можда и четворка, не сум сигурен. Плато дава попусти како секој ден да е Велигден и не само тоа туку како и Нова Година заедно, со давањето на Х2 енергија за бомбоните. Нема веќе единици и поделба со заедничко ударање и мрднување на зидот, нема бот за ако ништо друго натпревар на единиците и чукање во градите. Нема ништо освен погрдни зборови, навреди, омаловажување, а богами и лечење на комплекси на сите наши непријатели кои секогаш биле и ќе бидат во поголем број од нашите пријатели. Борбите се верувам наместени голем дел, а и да не е така со овој систем некој јужен мочко со 100 евра може да се иживљава бо борбите, бидејќи е крајно намален бројот на играчи и масовноста веќе нема шанси да победи. Било која држава без фрлање пари за тенкање многу брзо ќе ја снема.
Играта стана крајно индивидуална и тука веќе нема место за поштени, фер, друштвени играчи, многумина такви веќе си отидоа или се на пат да си одат, опкружени сме со социопати кои се лечат тука со терапијата на Плато, а ние служиме за декор, да не кажам свеќи, можда од тие ароматичните. Кој каков е сам си знае, јас само веќе не наоѓам смисла да продолжам да ја играм играта.