[МЗО] Честит Празник до сите Македонци

Day 1,799, 02:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana
Здравоо МАКЕДОНИЈООО




Македонија денеска празнува и одбележува 119 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, симболот на македонската борба за независност.


Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 Октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николв во Солун се собрале шестимна млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конструктивна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО (Внатрешно Македонска Револуционерна Организација) или ВМОРО (Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација) значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинде 1903 година и Крушевската република преку НОВ (Народно ослободителното востание) резилтира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значело формирање самостојна држава. Затоа 23 Октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултира денеска да имаме, независна држава.





Нека ви е Честит Празникот Македонијо о7

Со почит

МОД ТИМ