Немој да ме је*еш бре !!!

Day 1,758, 12:00 Published in North Macedonia North Macedonia by GoodBeer

Државна армија како идеја постои одамна и почетно постоеја 2 државни единици: лавови и тигри.. Една од причините зошто оваа идеја никогаш не заживеа како што треба, во тоа време, беше еден од претседателите кој во тоа време се противеше дека на единиците не им требало Q5 фабрики, затоа што нашите играчи биле слаби. Имавме средства за тоа, кои отидоа во тек на војна со еБугарија (извештај никогаш не видовме). Потоа настапија промени од нашиот драг Плато, кој се повеќе го усложнуваше организирањето на армијата.

Најважниот сегмент за постоење на армија -- инфраструктура (фабрики каде војската би работела) не е можно да се отвори освен ако не вложиш реални пари или си ултра мулташ (во еМакедонија имаме и вакви и такви).

После долго време идејата за државна армија пак проструи низ еМакедонската јавност..
Се кроеа планови идеи како тоа да се оствари...
Најпрвин, да напоменам за бебињата (прва па и втора ДИВИЗИЈА а не ДЕВИЗИЈА), во еМакедонија нема бејби бум и бебиња, туку има мулти акаунти кои некои ги користат за фармање за да си ги засилуваат главните акаунти..

Со начинот со кој се замислило да се прави државна армија им се овозможува на фармерите да си ги дигнат мултите без пари..

Да се навратиме на фабриките кои се важен сегмент за постоење на Државна армија..
Секој оној, кој тврди дека инфраструктура не и треба на единицата, е МУЛТАШ..

Во оваа игра, во која се се сведува на купување голд, да направиш од ништо нешто (тука спаѓа голд за тренинг, тенкови за делба, секојдневно купување рав за фирми), единица без инфраструктура не може да опстои, освен, ако членовите не спаѓаат во групата на ултра мулташи.

Како да се направи инфраструктура? Ако нема пари владата, еден од начините е да изнајми фирми, тоа е правено и порано. Колку ќе чини тоа изнајмување може лесно да се договори со сопствениците. Државата ќе дава средства за рав, војниците ќе работат таму, и за возврат државата т.е член назначен од претседателот добива тенкови, дневно, онолку колку што е производството во моментот. Тоа е еден начин, а има уште многу само треба да се размислува.

Втора важна работа за државна војска е логистика..
Не може еден човек да дели на стотина други. Тука треба распределба по групи, на пример, еден човек ќе биде задолжен за делење на десетина души. Со ова побргу се опремува војската и е спремна за удар во секое време..

И најважен услов е РЕДОВНОСТ, која за жал гледајќи ги удар каналите пред да се стопира ударот беа никакви дури некои единици како и да не постоеа..

За вакви нешта може многу идеи да се дадат, но се со тек на време имаме многу играчи кои мислат дека се најпаметни и се знаат па да ги оставиме и нив малку да се подзамислат или да мрчат..

За новиот план за Државна армија може само да кажам. Ма немој да ме је*еш бре...